Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска се појави на собраниската Комисија за политички системи на чиј дневен ред беше шестмесечниот извештај на СЈО. Таа порача дека не се плаши од пратеничките прашања и дека државниот е над партиските интереси.
„Не се плашам да ви одговорам, најмногу затоа што ја имам поддршката од екс-премиерот Никола Груевски и знам дека тој целосно стои зад мојот извештај. Интересот на ВМРО-ДПМНЕ не е поважен од тој на граѓаните“, рече Јанева.
Обвинителката до пратениците изнесе три барања: измени на законот и пролонгирање на рокот од 18 месеци, во кој СЈО треба да заврши со истражните постапки и да поднесе обвинителни акти; измени во законот за заштита на сведоци да му се дозволи на специјалното обвинителство само да се грижи за нивната безбедност, како и имплементација на препораките на Венецијанската комисија за поголема транспарентност за граѓаните, со цел тие да бидат информирани кој бил одговорен за незаконското прислушување.