Линкови за пристапност

Бугајски: За иднината на Македонија важно е да се имплементира договорот од јули


Intervew with Janusz Bugajski
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:16 0:00

Во спротивно, ќе има голема недоверба во Владата, подлабока поларизација и Македонија ќе биде заглавена во нејзиниот напредок кон ЕУ и НАТО.

На прашање да ја коментира актуелната политичка криза во Македонија, Бугајски истакна дека со самата изјава на премиерот Никола Груевски дека македонскиот народ треба да одлучи за својата иднина, тој всушност имплицира дека треба да има нови избори? Бидејќи, како што кажа, македонскиот народ има претставници коишто донесуваат одлуки во оваа ситуација.

„За Македонија и нејзината иднина, важно е и Владата и опозицијата, да ги имплементираат точките од Договорот од јули, или повторно да се навратат на нив и да го обноват веќе договореното. Во спротивно, ќе има голема недоверба во Владата, подлабока поларизација и Македонија ќе биде заглавена во меѓународна смисла на зборот или нејзиниот напредок кон ЕУ и НАТО. Земјата веќе е заглавена, заради ветото на Грција околу името, а ако Македонија се блокира самата себеси, ќе биде двојно лоша вест, бидејќи Грците ќе имаат алиби да кажат: ова не е демократска земја, не е целосно функционална земја, како би ја прифатиле во НАТО или ЕУ?“, истакна тој.

За состојбите во регионот пошироко, Бугајски посочи на заеднички елементи во секоја од земјите, на коишто треба да им се посвети внимание, како продорната корупција, економска нестабилност, стагнацијата, недоволната доверба во политичките институции, примерот со Косово, истакна овој експерт.

Босна и Македонија се најслабите нишки на Балканот, изјави Бугајски. „Во Македонија има злоупотреба на владините позиции, како што обвинува опозицијата“, вели тој.

„Во Македонија имате случај на комбинација од корупција, злоупотреба на политички функции и интензивирање на етничките тензии, а тоа е мошне горлива ситуација. Бројното етничко албанско население станува се` понезадоволно заради ќорсокакот во Македонија, заради спорот со Грција околу името, што значи спор околу членсвото на земјата во меѓународните институции“, подвлече Бугајски.

Овие факти, перцепцијата за бавна интеграција на регионот во ЕУ и економските страдања, придонесува за присуство на горлив терен, којшто може да биде злоупотребен од одредени страни, како домашните радикали, така и од некои странски сили, и тука на сцената доаѓа Русија, додава Бугајски.

Јануш Бугајски е виш научен соработник во Центарот за анализа на европската политика во Вашингтон и водител на „Час со Бугајски“, телевизиско шоу коешто се емитува на Балканот.

XS
SM
MD
LG