Линкови за пристапност

Катица Јанева ги доби потребните помошници


Истрагите започнуваат во понеделник

Тимот на Специјалното обвинителство на чело со Катица Јанева го доби потребното зелено светло од Советот на обвинители.

Дванаесетте обвинители избрани за помошници во Специјалното обвинителство денеска дадоа свечена заклетва дека чесно и непристрасно ќе ја вршат својата работа, согласно Уставот и законите. Со овој чин тие од денеска ги заземаат своите функции, а од понеделник почнуваат со работа на предметите поврзани и кои произлегуваат од содржината на прислушуваните телефонски разговори.

Од предвидените 14, избрани се 12 помошници обвинители, но како што изјави Јанева, таа одлука за намалување на тимот била донесена во согласнот меѓу неа и Советот на јавните обвинители.

По заклетвата, Јанева не прецизираше кога може да се очекуваат првите обвиненија, но нагласи дека со тимот, веќе од понеделник започнува со работа.

Специјалната обвинителка не сакаше да ја коментира одлуката на Кривичниот суд за отфрлање на прислушуваните разговори како доказен материјал, а не одговори ниту на прашањето за иницијативата до Уставниот суд на нејзиниот колега Зврлевски, со која се оспорува уставноста на институцијата Специјален обвинител.

Минатата недела беше одобрен буџетот за работа, а од пред два дена се обезебедија и простории во старата зграда на Агенцијата за млади и спорт, каде сега ќе биде Специјалното Обвинителство.

Помошници на Катица Јанева во Специјалносто јавно обвинителство се Гаврил Бубевски, Бурим Рустени, Ленче Ристевска, Елизабета Јосифовска, Трајче Пеливанов, Лејла Кадриу, Артан Ајро, Љубомир Лапе, Лиле Стефанова, Марија Ѓорѓева, Стевчо Донев и Фатиме Фетаи.

XS
SM
MD
LG