Линкови за пристапност

Иванов не го дава мандатот на Заев


„Нема да определам мандат на кој било кој преговара за платформи со кои се урива унитарноста на земјата“, рече претседателот Ѓорге Иванов во денешното јавно обраќање.

„Лицитирањето со платформи од други држави е лицитирање со идентитетот на државата. Од Заев побарав јавно да ја осуди и отфрли оваа платформа. Суштинска забелешка е дека разговарање на платформа за туѓа држава е спротивно на Уставот“, истакна Иванов.

„Од меѓународната заедница очекуваме да ја осуди оваа платформа, но таква осуда немаше, оттука тоа ми е потврда дека иднината на Македонија зависи од нас самите. Меѓународната заедница треба да се воздржи од наметнување решенија на Македонија. Уставот не ми овозможува да му дадам мандат на оној што ја руши позицијата на Македонија. Јас нема да определам мандат на кој било кој преговара за платформи со кои се урива унитарноста на земјата“, изјави претседателот Ѓорге Иванов во денешното обраќање.

XS
SM
MD
LG