Линкови за пристапност

Кредибилни избори услов за надминување на политичката криза во Македонија


Кредибилни избори услов за надминување на политичката криза во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:16 0:00

Дали државата ќе одговори на предизвикот, разговор со Даниел Марфи и Саша Топерич

Кредибилните избори се најважен елемент за демократската иднина на секоја земја, смета Даниел Марфи од „Демокраси интернешенел“, долгогодишен набљудувач на изборните процеси во САД и други делови на светот. Но тој додава дека само изборите не се доволни за надминување на постојната политичка криза:

„Кога имате ситуација во која граѓаните не и` веруваат на Владата, што според мене е основата на кризата, изборите треба да бидат добро спроведени за граѓаните да бидат уверени дека се работи за некакво придвижување нанапред.“

Саша Топерич, од Центарот за трансатлантски односи при Универзитетот Џонс Хопкинс вели дека не се работи за акт, туку за процес, кој може да започне со изборите на 11 декември:

„Ако изборите бидат спроведени на вистински начин, мислам дека ќе се создадат услови сите политички парии да постигнат договор и да започнат со процесот на опоравување, за обединување на сите граѓани на Македонија.“

Топерич додава дека здрава предизборна клима, во комбинација со непречена работа на Специјалното јавно обвинителство, се клучни за напредок на демократскиот процес во Македонија.

ОБСЕ/ОДИХР започна да го следи изборниот процес и распореди долгорочни набљудување, со цел да се постигнат домашните и меѓународните стандарди за демократски избори.

Според Марфи независните меѓународни мисии можат да изнесат вредни информации за целокупниот легален контекст, како на пример дали избирачките списоци се точни и дали имало закана кон гласачите, зашто меѓународните набљудувачи се послободни да ги искажат своите ставови по овие прашања.

Но исто така важно е за граѓаните да знаат што значи меѓународното набљудување на изборите:

„Мислам дека улогата на меѓународните набљудувачи не е да кажат дека овие избори биле фер, туку да објават информации за граѓаните во земјите каде се гласа самите да го донесат заклучокот.“

И Марфи и Топерич веруваат дека медиумското покривање на изборите е важно за демократскиот процес, зашто преку медиумите државата ќе може да покаже пред граѓаните и меѓународната заедница дека може да организира слободни фер и избори според највисок демократски стандарди, за почеток на ставањето крај на политичката криза во земјата.

XS
SM
MD
LG