Линкови за пристапност

По неколкудневна пауза „Шарената револуција“ продолжи низ неколку градови во Македонија


Неизвесно дали ќе има нов договор меѓу четворицата лидери за надминување на кризата
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:41 0:00

Неизвесно дали ќе има нов договор меѓу четворицата лидери за надминување на кризата

Незадоволството на демонстрантите од политичка ситуација, што кулминираше пред се со помилувањата на политичари и фиксирањето на датумот на изборите за 5-ти јуни, засега е нејасно дали ќе се намали со потенцијален нов договор на четворицата лидери.

Дека има раздвижување меѓу меѓународната заедница и партиските раководства, говорат и информациите за одвоени средби на амбасадорите на САД и ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав со врвот на опозициските СДСМ и ДПА. Американскиот амбасадор потврди дека се остваруваат контакти, но не даде дополнителни детали.

„Остануваме во контакт со лидерите на сите политички партии, сакаме да и` помогнеме на Македонија да ја надмине политичката криза и ќе ве информираме за наредните чекори кога ќе имаме што да соопштиме“, изјави Џес Бејли.

Брисел, а и дел од лидерите рекоа дека не постои ново писмо од еврокомесарот Јоханес Хан до партиските раководства со конкретни иницијативи за надминување на ќорсокакот. Во однос на тоа дали постојат нови насоки во форма на препораки што ги испорачал амбасадорот Аиво Орав, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, изјави:

„Не би можел да коментирам такви работи, се надевам дека амбасадорот Орав или кој било може да ви даде одговор на овие прашања. Тоа што јас го знам е во континуитет повторување на нивните ставови – услови за избори, поништување на актот на аболицијата и одржување избори тогаш кога ќе се создадат услови за фер избори“.

Заев повтори дека ако на маса се стават барањата на СДСМ: укинување на аболиција и поместување на датумот на изборите, партијата е подготвена да разговара.

Засега владејачката ВМРО-ДПМНЕ не излегува со официјален став. Помалите парламентарни партии, ДОМ, на Лиле Поповска и Демократскиот сојуз, на Павле Трајанов излегоа со свои идеи за можни сценарија за излез.

„ДОМ ги повикува сите организации и партии-учесници во демонстрациите да седнат во заеднички опозициски форум за менаџирање на кризата одвнатре. По двонеделни демонстрации низ целата земја, време е да се остварат конкретни политички резултати во самите институции“, изјави Поповска.

„Прво што сметаме дека треба да се направи е да се свика парламентот, со што ќе се создадат услови за формирање експертска влада“, порача Трајанов.

XS
SM
MD
LG