Линкови за пристапност

Нова политичка криза по вчерашното апсење за 27 април?


ВМРО-ДПМНЕ бара јавен обвинител на предлог на опозицијата
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00

Опозициската партија денеска обвини за политички монтиран процес поради што и ја прекинува поддршката за носење системски закони кои се клучни за реформскиот процес

Најава за можна политичка криза предизвика новата истрага на обвинителството за организаторите на 27 април што резултираше со синоќешното притворањето на неколкумина поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, како и барање за притвор за поранешниот спикер Трајко Вељановски.

Опозициската партија денеска обвини за политички монтиран процес поради што и ја прекинува поддршката за носење системски закони кои се клучни за реформскиот процес.

„Во една ваква недемократска атмосфера која директно го руши и предизборниот амбиент пратеничката група нема да ги поддржи системски процеси и закони додека власта не се согласи на јавен обвинител на предлог на опозицијата за испитување на сите криминални и корупциски афери. Бараме јавен обвинител на предлог на опозицијата кој вистински ќе се бори против неправдата, криминалот и корупцијата“, изјави Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Власта обвини дека ВМРО-ДПМНЕ со ваквиот потег свесно оди против интересите на државата.

„Станува збор за системски законски решенија кои се веќе усогласени со ВМРО-ДПМНЕ. Ги повикувам пратениците на опозицијата да работат за доброто на граѓаните, а не да штитат партиски интереси“, вели Јован Митровски од СДСМ.

По синоќешното распрашување на Трајко Вељановски, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, тројца од петтемина осомничени за организрање на „крвавиот четврток“, денеска прес одржа и јавното обвинителство.

„Секогаш истакнував дека предистражната постапка продолжува за откривање на организаторите на кривичниот настан. Во наредбата за истрага стои дека осомничениот Н.Г како тогаш лидер на партија ги повикал граѓаните преку медиум на протести и за таа цел со другите обвинети ја ставиле целата партиска структура на располагање“, изјави обвинителката Вилма Рускоска.

Груевски и екс-разузнавачот Никола Бошковски се другите двајца осомничени, но тие се недостапни за македонските власти – едниот е во Унгарија, другиот во Грција. Вељановски синоќа се повика на пратеничкиот имунитет за чие симнување е потребна одлука на собранието. 30-днвене притвор за организирање на 27 април добија екс министрите Јанакиески и Ристовски.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG