Линкови за пристапност

Опозицијата нема да учествува на изборите на 5-ти јуни


Македонија - Парламентот се распушти
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:57 0:00

Македонија - Парламентот се распушти

Распуштањето на Собранието го отвори патот владејачката ВМРО-ДПМНЕ да објави дека изборите ќе се одржат според договорот од Пржино; ДУИ се согласува

Синоќа пред полноќ аплаузи се слушнаа на две различни места поради сосема различна цел. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ракоплескаа заради распуштањето на Собранието, социјалдемократите во партискиот штаб аплаудираа за одлуката опозициската партија да не учествува на изборите на 5-ти јуни, чиј пат за одржување се отвори токму со распуштањето на парламентот.

„Почитувани колеги и пријатели бидејќи денеска, односо сега, вечерва, завршува парламентарниот мандат на овој состав би сакал на сите вас да ви се заблагодарам и да ви посакакам во иднина среќа и успех и на личен и на професионален план. Овој парламентарен состав помина низ многу тешки премрежија, но успеавме да реализираме проекти во нашите стратешки определби“ – изјави претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Во салата не беа присутни пратениците на СДСМ и коалициските партнери, но ниту претставниците на владејачката ДУИ и опозициската ДПА. Вељаноски не ги констатираше оставките на министрите и замениците министри на СДСМ во владата што беа поднесени претходно во денот. Десетина минути по честитките во Собранието, врвот на социјалдемократите ги објасни причините зошто смета дека не треба да биде дел од предвремените избори на 5-ти јуни, со кои требаше да се заокружи почнатото во Пржино пред речиси една година.

„Никола Груевски постојано го рушеше Договорот од Пржино. Избирачкиот список не се прочистува. Медиумски реформи не се прифатени. Притисоците продолжуваат. За нас, зборот навистина е збор. Не се откажуваме од принципите на коишто инсистираме. Заедно со цела демократска јавност.Во име на тој збор, во име на тие принципи, во име на демократијата, СДСМ нема да учествува на овие лажни избори“ – порача лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Заев уверува дека оној момент кога ќе бидат исполнети условите за регуларни, фер и демократски избори, опозицијата ќе учествува на нив. Ѝ порача на владејачката партија дека борбата за враќање на демократијата не запира и дека изборот ќе биде „или Груевски или Македонија“. Неучество на изборите досега најавија и Демократската обнова на Македонија на Лиле Поповска, Демократскиот Сојуз на Павле Трајанов, како и „Унитети“ на Гзим Острени. Меѓународната заедница, која беше движечката сила зад договорот од Пржино, во текот на вчерашниот ден беше во интензивна комункација со партиите, но за разлика од пред месец и половина не успеа да излобира консензус за тоа дали Македонија треба да оди или не на избори на 5-ти јуни врз основа на степенот на исполнување на трите услови: прочистување на избирачкиот список, медиумска реформа, одвојување на партијата од државата.

XS
SM
MD
LG