Линкови за пристапност

Собранието го одзеде имунитетот на шестемината пратеници


Тие ќе останат пратеници се додека евентуално не бидат правосилно осудени за кривично дело

Собранието го одзеде имуниетот на шестемината опозициски пратеници осомничени за учество во „крвавиот 27-ми април“ за кои Основниот суд претходно побара притвор.

„Утврдувам дека Собранието донесе одлука за одбрување притвор по барањето на Судот за пратеници...“, рече Талат Џафери, претседател на Собранието.

На гласањето претходеше образложение на парламентарното мнозинство, зошто треба да се донесе позитивна одлука на барањето за притвор.

„Мора Собранието да донесе правична одлука и правдата да си го најде местото. Собранието мора да биде пример за тоа. Верувам дека и нашите колеги пратеници “, изјави Томислав Тунтев од СДСМ.

Артан Груби од ДУИ вели дека денешната одлука треба да биде поука за целото општество, како и да се извлече сила за да се продолжи напред.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, не учествуваа на седницата зашто, како што соопштија, станува збор за фарса чија цел е реваншизам и уништување на оние што мислат поинаку.

Партијата најави дека ги разгледа сите опции за да се спротистави на, како што го нарече, ова безумие.

Крсте Мукоски, Јохан Тарчуловски, Љубен Аранаудовски, Сашо Василевски, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски, ќе останат пратеници се додека евентуално не бидат правосилно осудени за кривично дело, за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG