Генералната секретарка на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) Хелга Шмид, утре и в сабота ќе патува во Северна Македонија на средби со високи официјални лица и владини претставници.
Таа ќе се сретне претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и министрите за надворешни и внатрешни работи Бујар Османи и Оливер Спасовски. Шмид ќе се сретне и со претставници на граѓанското општество и парнерите на ОБСЕ.
Тема на разговорите, соопштија оттаму, ќе биде претседателството на државата со ОБСЕ во 2023 година, како и стратешките реформи, владеење на правото, организираниот криминал и корупција, демократско владеење и регионалната стабиност и безбедност.
Facebook Forum