Линкови за пристапност

„Бисер“ на Охридско лето


„Бисер“ на Охридско лето
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:59 0:00

Во рамките на Фестивалот, прикажан документарниот филм посветен на бисерот - надалеку прочуен бренд на Македонија и Охрид

Еден од изработувачите на овој прочуен бренд на Македонија, Михајло Филев од семејството Филеви, за Гласот на Америка, зборува за тајната на неговата изработка.

„Ние го презентираме последниот дел од тајната изработка, каде емулзијата се премачкува околу површината на зрното. Емулзијата се добива од крлушките на плашицата. Четката е од природни влакна од верверица, камила или коњ, за да може полесно да се нанесе. Ги ставаме топчињата кои се изработени од срцевината на школката. Се зема внатрешниот дел и од тоа се прават разни форми и големини“, коментира Михајло Филев, кој е четвртата генерација изработувач на охридскиот бисер.

Михајло Филев е дел од оваа генерација на семејството Филеви од Орид, изработувачи на прочуениот бисер. Тајната на неговата изработка во Охрид ја носи рускиот емигрант Јован Субанович во 1920-та, кој доаѓа како азилант од Октомвриската револуција од регионот на Бајкалското езеро во Русија. Покрај Филеви и семејството Талеви од Охрид се најстарите изработувачи на овој бисер, вели Михајло Филев.

„Традицијата во семејството Филеви ја започнал мојот прадедо Никола Филев, близок пријател на Јован.Тој прави едно парче и не дека ја заборава тајната, туку не се бави со таа работа“, објаснува Михајло.

Четири години подоцна неговиот дедо Михајло се обидува да го развие брендот, за потоа тоа го прави и неговиот татко Никола. Вели дека се надева дека и неговите две ќерќи ќе го наследат занаетот.

„Денес се соочуваме со проблем поради намаленото количество на плашица во Охридското Езеро, но и поради присуството на фалсификати на охридскиот бисер на пазарот“. Но, затоа во новиот елаборат направивиме една отстапка, каде успеавме да ги вметнавме и Бајкалското Езеро и езерото Тангањика каде живее истиот вид на риба за да можеме да се служиме со нивните ресури. Имаме концентрати и од постарите мајстори каде имаме материјал да изработуваме уште 50 години“, додаде Филев.

Речиси нема политичар, или јавна личност кој дошол во Охрид, а да не добил на подарок од овој бренд. Него го поседуват и британската кралица Елизабета, актерката Анџелина Џоли, па дури и поранешните државни секретарки на САД, Медлин Олбрајд и Кондолиза Рајс.

Највисоката цена која е постигната при продажба на охридскиот бисер била во 70-те години од минатиот век во Чикаго, каде бизнисмен од Македонија на аукција купил бисер по цена од 7.000 долари.

За охридскиот бисер, се снимаше и документарен филм кој ќе биде промовиран на фестивалот „Охридско лето“.

„Приказната и раскажувањето од двете семејства и нормално главниот актер Јован Субанович кој ја донел формулата за прв пат во Охрид, се реализира во овој филм“, вели режисерот на филмот „Бисер“, Драган Кумев од продуцентската компанија „Кумев брадр продакшн“ (Kumev brother production).

Освен во Охрид, филмот ќе се прикажува во Скопје, Белград и Загреб.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG