Линкови за пристапност

Дебарца не сака депонија


Дебарца гласаше и на референдум
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:29 0:00

Општината Дебарца беше единствената каде покрај за градоначалник, граѓаните во истовреме гласаа и на референдум.

Истовремено со локалните избори, жителите на Дебарца кај Охрид гласаа и на референдум. Дали се „за“ или „против“ изградба на регионална депонија за цврст отпад на територијата на нивната општина гласеше референдумското прашање.

2.900 од вкупно 4.621 жител се изјасниле дека се против, а само 293 дека се за изградба. Од општинската изборна комисија во Дебарца потврдија дека е постигнат потребниот консензус. Инаку сето ова доаѓа откако од осум претходно предложени локации за изградба на депонија беше избрана токму оваа.

Жителите на Дебарца на неколкупати организираа и мирни протести против одлуката на Министерството за животна средина во нивната општина да се гради ваква депонија.

„Жалосно вака од природно надарено место да се направи депонија. Тоа е најздравото еколошко место во Македонија и ако го споредиме со едно здраво новородено дете да му вбризгате серум од 100 кубни бактерии. Здравиот начин на живеење ме враќа со целото моето семејство се врати да живее повторно во Дебарца во еколошки најздравиот дел во Македонија“, изјави Љубомир Петрески, од Координативното тело против изградба на Депонија.

Според најавите во депонијата треба да се носи отпад од вкупно осум помали и поголеми општини од Југозападниот дел на Македонија, односно од Охрид, Струга, Кичево, Дебар.

Но за институциите, целиот проект е според сите европски стандарди и прописи. Според правници кои ги консултиравме, ваквите референдуми се необрзувачки и единствено го изнесуваат мислењето на мнозинството граѓани, но оти државните институции треба тоа да го земат предвид.

Според Југозападниот плански регион, покрај регионалната депонија предвидена е изградба и на пет трансфер-станици во неколку општини, парк за рециклирање, но и станица за прочистување и обработка, како и производство на електрична енергија, заедно со десетина нови вработувања.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG