Линкови за пристапност

Охриѓанката Александра Донческа, прв донатор на крвна плазма во Охрид


Охриѓанката Александра Донческа, прв донатор на крвна плазма во Охрид
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:44 0:00

Александра Донческа од Охрид откако успешно се справила со Ковид 19 вирусот, се одлучила да дарува крвна плазма

Во службата за трансфузиологија во Охрид, секој понеделник и четврток се одржуваат корводарителски акции, каде граѓани се одлучуваат да даруваат и крвна плазма. Од почетокот на пандемијата,1395 граѓани дарувале крвна плазма во земјава.

Охриѓанката Александра Донческа, во декември 2020-та година, дарувала крвна плазма, откако претходно таа и нејзиното семејството се избориле со Ковид 19 вирусот. Таа е првиот донатор од Охрид на оваа драгоцена течност, која денес може да значи живот, за многумина пациенти, кои се борат со опасната болест.

„Се одлучив да донирам крвна плазма, бидејќи ја знаеме целата ситуација во земјава на заболени, на смртни случаи. Сите тие апели од Министерството за здравство за донирање на крвна плазма, кои ги гледаме секојдневно и на социјалните мрежи, беше еден поттик да се пријавам и да донирам“, рече Александра Донческа, прва донаторка на крвна плазма.

За Александра која веќе четири години дарува крв, овој момент има посебно значење.

„Мојата крв беше испратена во Скопје и се надевам дека за посочениот човек беше спасен неговиот живот“, додава таа.

Во службата за трансфузиологија во Охрид, секој понеделник и четврток се одржуваат корводарителски акции, каде граѓани се одлучуваат да даруваат и крвна плазма.

Во овој момент мислам дека секоја крвна единица е потребна. Секој би го охрабрил да ја даде оваа драгоцена течност“, изјави крводарителот Тони Симоноски.

Дарители можат да бидат лица на возраст од 18 до 60 години. Но тоа можат да го направат само оние кои веќе го прележале Ковид 19, со поминати најмалку 28 дена од последниот симптом.

„Исполнувајќи ги условите, да бидат здрави, да немаат некое акутно или хронично заболување и да имаат телесна тежина над 55 килограми. Многу животи се спасени на наши роднини и пријатели. Се надевам дека и натаму ќе продолжиме за да спасиме уште многу животи“, вели Снежана Латовска докторка во службата за трансфузија во Охрид.

Но, која е улогата на крвната плазма во борбата со Ковид.

„Во крвната плазма се создаваат анти тела. И тие анти тела кога ќе ги прими болниот, се врзуваат со вирусот, го намалуваат дејството на вирусот, а ја намалуваат и прогресијата на болеста. Многу помагаат во закрепнувањето на болниот“, додава таа.

И Црвениот крст организира крводарителски акции. Но, се обидуваат и на разни начини да ги мотивираат луѓето, преку социјалните мрежи или преку контакти со крводарителите, да го направат тоа.

„Колку е поголем бројот на заболени, толку е поголем притисокот врз болниците и поголема е и потребата од крвна плазма. Она што ние го нудиме како Црвен крст е бесплатен превоз за сите оние кои имаат да даруваат крвна плазма да дојдат до трансфузиолошката служба“, изјави Сашо Точков, претседател на Црвен крст во Охрид.

Александра е среќна што нејзиниот чекор почнуваат да го следат и други.

„Исто така и моето потесно семејство се вклучија во таа акција, како и мојот сопруг. Упатувам апел до сите сограѓани, до сите млади луѓе, изгубивме многу блиски луѓе, многу млади, нека донираат. Сите со заеднички сили да се избориме, да ја победиме пандемијата и да се вратиме конечно на нормалниот начин на живот“, вели Донческа.

Од почетокот на пандемијата,1395 граѓани дарувале крвна плазма, а при тоа обезбедени се 1483 единици со кои се третирани околу 1369 пациенти. Од Институтот за трансфузиона медицина велат дека третманот со ковалесцентна плазма во одредени случаи ја подобрува здравствената состојба на пациентот но, не претставува лек за болеста.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG