Линкови за пристапност

Минаре високо 32 метри закана за соживотот во Охрид?


Минаре среде Охрид закана за соживотот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:50 0:00

Јавноста поделена по однос на ова прашање

Дали минарето, високо 32 метри, кое треба да се издигне на Али Пашината џамија во Охрид, може да ги скара христијаните и муслиманите во градот, а со тоа да ги наруши и добрите меѓуетнички односи?

Иако тоа никој не го посакува, сепак во јавноста постојат несогласувања по однос на ова прашање. Пет века старата џамија, со нејзината реставрација сега треба да го добие изгледот, кој што го имала некогаш.

Граѓанското здружение „Совест“ вели дека нема ништо против обновувањето на џамијата, но, смета дека со изградбата на минарето во срцето на градот, Охрид повеќе нема да биде истиот град.

Како ќе изгледа, изработиле и фотоанимација. Предлагаат да се спроведе и референдум, на кој граѓаните ќе се изјаснат по однос на ова прашање.

„Апсолутно сметаме дека минарето во многу работи ќе го наруши севкупното живеење во Охрид. Затоа велиме да ставиме една нулта точка, и овој простор да биде нешто што ќе не` зближува, а не што ќе не раздвојува“, вели Томе Џамтоски од „Совест“.

Муфтиството на Исламската верска заедница во Охрид (ИВЗ) не се согласува со овие тврдења.

„Не сакам да кажам дека има некој објект кој може да ги скара верниците меѓу себе. Мислам дека не само за минарето, туку и за изградба на нова џамија во Охрид, ќе имаме повеќе помош и подршка од православните верници“, вели Газменд Хода, секретар на ИВЗ во Охрид.

Здружението вели дека на џамијата се работело без одобрение за градба, со што правниот момент не бил испочитуван, додека ИВЗ вели дека располага со сите неопходни документи потребни за реконструкцијата.

„Инсистираме да се покажат сите цивилизациски и историски слоеви, кои се на овој локалитет“, вели Џамтоски.

Хода вели дека по завршување на овој комплекс, очекува ненадејни посетители.

И христијаните и муслиманите не се согласуваат меѓусебе.

„Ако копаат подлабоко ќе најдат наша црква. Не е пријатно да има толку висока џамија. Каде може да се смести минаре високо 32 метри среде?“, вели жител од христијанска вероисповед, додека жител од муслиманска вероиспвед додава:

„Не би требало да ги наруши работите, но, во ова време ништо не се знае“, рече тој.

Али Пашината џамија е прогласена за културно - историски локалитет, заштитен со закон уште во 1968-та година.

Министерството за култура вели дека комисија од стручни лица ќе ги испитува сите околности во однос на реконструкцијата.

„Работна група препорача, а Министерството ќе побара од УНЕСКО стручно мислење - дали е во согласност со стандардите за заштита на градот, да се реконструира објектот во такви димензии?“, вели извор од Министерството за култура.

Оттаму додаваат дека немаат ништо против обновување и заштита на културното наследство, вклучувајќи ги и верските објекти, но, оти тоа сакаат да се спроведува согласно законската процедура.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG