Линкови за пристапност

И Македонија има Нобеловец?


И Македонија има Нобеловец?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:41 0:00

Дваесетгодишниот Игор Томески е единствениот Mакедонeц и еден од двајцата од Балканот добитник на т.н. Нобелова награда за млади. Наградата ја доделува здружението Нобел, основано од Клеjс Нобел, внукот на основачот Алфред Нобел. Здружението е сo седиште во Атланта, Џорџија

Дали сте слушнале дека Македонија има млад Нобеловец? Тоа е 20-годишниот Игор Томески од Тетово со кого разговаравме при неговата посета на Охрид.

По завршување на средното американско училиште во Тетово, добил покана од Клеjс Нобел, внук на Алфред Нобел за прием во Нобеловото здружение за најдобри светски матуранти, основано во 2002-та година. Станува збор за организација која е основана од истото семејство кое ги спонзорира и стандардните Нобелови награди и кое потпомага млади личности кои имаат направено исклучителни работи во текот на нивното детство.

Игор е член на здружението од 2015-та година, кога ја добил и првата од двете награди за драма, лидерство и визија.

„Награден е мојот потенцијал како академски достигнувања така и надвор од академските достигнувања и мојата активност во областа на филмот и театарот. Стручното жири е составено од лауреати и нобеловци кои ја добиле стандардната Нобелова награда за хемија, физика, мир, литература...Тие прават селекција кои се тие млади кадри кои треба да влезат во здружението и на кои треба да им се даде награда“, вели Игор Томески.

Игор кој веќе две години живее и студира филм и театар на Мanhattan Ville во Њујорк, вели дека добивањето на оваа награда му отворила многу врати во САД.

„Имам доста понуди за работа, доста проекти кои треба да ги почнам наредниот период. Кога ќе ставите во своето резиме дека имате награда од внукот на Алфред Нобел, тоа е голема работа и вратите ви се отвораат секаде. Јас сум и финансиски помогнат од тоа здружение да ги изржам моите студии таму“, вели Игор.

Жали што Македонија не пројавила интерес за него, и покрај тоа што е подготвен своето искуство и знаење да ги пренесе овде.

„Сите мои колеги таму се интернационални студенти, кои се подржани од својата земја. Јас сум единствениот исклучок кој не добил никаква ниту морална, ниту финансиска подршка од мојата држава и имам проблем да им го објаснам тоа како на моите претпоставени, така и на моите соученици. Навистина е предизвик да се снајдете сами“, вели Игор.

Овој млад човек уште на 8-годишна возраст почнал да се занимава со глума, a на 12 години ја режирал и својата прва ТВ-драма.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG