Линкови за пристапност

Невладините организации бараат финансиска помош од Владата


Државно финансирање на невладиниот сектор
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:06 0:00

Ваквото барање отвора прашање дали ваквите промени можат да доведат до државна контрола на граѓанскиот сектор

Во процесот на пристапување кон Европската унија, Македонија неизбежно ќе мора да го реформира системот на финансирање на граѓанскиот сектор, при што улогата на главен донатор, според светските трендови, ќе ја преземе државата, која споредено со регионалните стандарди годишно ќе треба да издвојува околу 30 милиони евра.

Но, од друга страна се отвора и прашањето дали тоа нема да доведе до државна контрола на невладините организации.

„Финансирањето на граѓанските организации, вкупно по сите основи од државниот буџет, е на ниво од четири до пет милиони евра годишно, што е исто колку што дава и фондацијата СОРОС. За разлика од тоа, во Хрватска има 30 до 50 пати поголемо финансирање. Мора да се зголеми државното финансирање, за да нема повеќе обвинувања дека невладините се поддржани од странство, бидејќи тие всушност треба да се финансираат од државниот буџет, вклучувајќи ги и критички настроените“, изјави Александар Кржаловски од МЦМС.

Денеска, граѓанскиот сектор, владините претставници и меѓународната заедница, дебатираа за тоа каков модел е најсоодветен за Македонија - дали централизиран во една фондација или агенција, или децентрализиран - секое министерство да има фонд за поддршка на невладините.

Но, клучно е да биде транспарентен модел, ослободен од владино влијание.

„Невладините организации треба да бидат финансирани од Владата, но не купени за тие пари. Се надевам дека негативните пракси од минатото нема да ги продолжиме во иднина“, вели Драги Рашковски, генерален секретар на Владата.

Никола Бертолини од Делегацијата на Европската унија во Македонија, пак, вели:

„Длабоко сум уверен дека развојот на граѓанскиот сектор е една значајните функции на државата, бидејќи ја препознава потребата од граѓанско организирање за подобро функционирање на државата“.

Во изминатиот период, пред и по последните парламентарни избори, тогашната власт отвори фронт против дел од граѓанскиот сектор кого, поради финасирањето од странски донатори, го карактеризираше како „платенички и предавнички“ за сметка на државните интереси.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG