Линкови за пристапност

Договорот ја отстранува пречката Македонија да стане 30-та членка на НАТО


Реакции од Вашингтон за перспективите на Македонија во НАТО
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:19 0:00

Експерти во Вашингтон ја коментираат перспективата на Македонија во НАТО за брзо членство и датум за почеток на преговори со ЕУ

Договорот за решавање на деценискиот спор меѓу Македонија и Грција беше поздравен од експерти, аналитичари и креирачи на надворешната политика во Вашингтон. Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот совет за Гласот на Америка коментира -

„Да. Ова е важен договор. Лидерите во Скопје и Атина постигнаа договор што е големо постигнување за премиерите Заев и Ципрас. Има голем оптимизам во САД, меѓу партнерите во НАТО“, изјави Вилсон.

Договорот за НАТО значи дека Алијансата се` уште може да се носи со големи предизвици, политиката на отворени врати останува, и` е отворена за останатите аспиранти.

Западниот Балкан и натаму ќе биде во фокусот на Алијансата, вели Гарет Мартин од Школата за меѓународни односи при Американскиот универзитет кој коментира дека импликациите врз НАТО ќе бидат уште повидливи, зашто со договорот меѓу Скопје и Атина се отстранува чувство на загриженост поради нестабилноста на Западниот Балкан.

Мислам дека е важно за НАТО да покаже дека проширувањето е се` уште можно и е` на маса. Симболично е важно да покаже дека и другите аспирантите имаат шанса станат членки, зашто процесот на запира, коментира Мартин.

Веројатно, самитот од НАТО во јули е прерано да се очекува покана за членство на Македонија наведуваат експерти, но додаваат дека ќе биде испратен сигнал дека членството на Македонија повеќе нема да биде закочено.

Литванскиот министер за одбрана, Раимудас Кароблис, чија земја е членка на НАТО, коментираше дека со договорот веројатно е отстранета и последната пречка за членство на Македонија: „Ако Македонија е подготвена, повеќе од добредојдена е да биде примена во клубот“.

Се надевам дека со оглед на Договорот што го постигнаа Македонија ќе стане членка на НАТО до крајот на годината. Мислам дека народот во Македонија и во Грција ќе успее да ја зграпчи оваа историска шанса да го стави зад проблематичниот спор, изјави американскиот амбасадор Вершбоу.

Според него, ваквиот развој на настаните, за НАТО значи стабилизирање на предизвиците на Западниот Балкан. „Предизвиците полесно се надминуваат кога сите сме членки на еден ист клуб, рече Вершбоу. „Договорот меѓу Македонија и Грција ќе го зацврсти и НАТО и го очекувам денот кога Алијансата ќе има 30 членки“, изјави поранешниот втор човек во НАТО.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG