Линкови за пристапност

Милевски: До крајот на годината очекуваме САД да го ратификуваат протоколот за НАТО


Милевски: До крајот на годината очекуваме САД да го ратификува протоколот за НАТО
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:26 0:00

Позитивни сигнали од Вашингтон за Македонија во однос на ратификацијата на Протоколот за НАТО

Пратеникот во македонското собрание Горан Милевски за Гласот на Америка на македонски изјави дека очекува до крајот на оваа или почетокот на следната година во САД да заврши постапката за ратификација на Проколот за НАТО.

Се надеваме дека оваа постапка некаде кон крајот на оваа година или почетокот на следната ќе заврши целосно во Сенатот на САД и ќе може и Америка да ја ратификува спогодбата за НАТО
Горан Милевски, пратеник

За ваква временска рамка се дискутирало денеска и вчера на средби помеѓу американски конгресмени и сенатори и делегација од македонското собрание во состав на пет пратеници кои деновиве престојуваат во Вашингтон. Дел од времето во престолнината на САД искористија и за лобирање за Македонија во американскиот Конгрес.

„Разговаравме за постапката кога може Македонија најбрзо да очекува ратификација на спогодбата. Постапката во Сенатот е посложена бидејќи прво треба да дојдат три извештаи од претседателот, од Пентагон и од разузнувачките служби за потоа Комитетот за надворешни работи да ја отпочне постапката во Сенатот. Од моментот на доаѓањето на извештаите до гласањето во Сенатот по примерот на Црна Гора требало шест месеци, така да се надеваме дека оваа постапка некаде кон крајот на оваа година или почетокот на следната ќе заврши целосно во Сенатот и ќе може и Америка да ја ратификува спогодбата“, вели пратеникот Милевски.

Тој истакнува дека во Вашингтон добиле позитивни сигнали. Американските конгресмени и сенатори се интересирале за состојбите во државата и биле единствени во пораката дека Македонија мора да си ја заврши домашната работа.

„Се интересираа како ќе се одвиваат реформите. Mногу се заинтересирани за тоа и заради влезот на Македонија во Европската Унија. Значи нивниот пријателски однос не е само за влез во НАТО, туку за севкупниот развој на Македонија. Има многу позитивна клима тука и велат дека непотребно се изгуби време и енергија додека не се постигна овој договор. Надминати се пречките за Македонија да го заслужи местото кое ѝ следува на меѓународен план“, вели Милевски.

Македонската делегација во состав на пратеници од СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, ЛДП, Беса и ДПА денеска заминува за Вермонт каде процесот на лобирање ќе продолжи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG