Линкови за пристапност

Џонсон: Храброста на Заев и Ципрас ја придвижи Македонија кон НАТО и ЕУ


Членството на Македонија во НАТО ќе го стабилизира регионот
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:51 0:00

Републиканскиот сенатор вели дека членството на државата во Алијансата ќе го стабилизира регионот

Храброста на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас реши долготраен проблем, кој ќе и` овозможи на Македонија да се движи напред кон НАТО и Европската унија, рече републиканскиот сенатор Рон Џонсон, коментирајќи ја одлуката на Парламентот да ги усвои амандаманите за уставните измени, потребни за ратификација на Договорот од Преспа.

„Ова е одлична вест. Јас бев во Македонија и Грција во септември, пред референдумот. Овој е уште еден од оние договори кој решава проблем што се провлекува со години, како што беше случајот со Косово и Црна Гора“, изјави Џонсон за Гласот на Америка.

Според него, оставката на грчкиот министер за одбрана Панос Каменос и гласањето доверба за Владата на Ципрас може да го забави процесот за ратификација на Договорот од Преспа. Сепак, додава Џонсон, шансите тој да успее се големи.

Сенаторот вели дека членството на држвата во НАТО ќе го стабилизира регионот, исто како што било случај со Црна Гора, за чие членство во Алијансата тој бил голем поддржувач.

Нагласи дека економската иднина на Европа лежи во сојузништво со Западот.

„Русија не нуди ништо освен нестабилност и можеби нафта и гас, но, нив можеме да ги добиеме и на друго место. Членството во НАТО ќе биде добра работа за Македонија“, изјави тој.

Џонсон потенцира дека неодамнешното повлекување на резолуцијата од Сенатот за поддршка на Договорот од Преспа, која меѓудругото ја осуди и руската пропаганда во Македонија, нема да ја промени утврдената американска позиција за поддршка на евроатлантскиот процес на државата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG