Линкови за пристапност

Вратата на НАТО за Македонија е отворена сега, утре можеби нема


Вратата на НАТО за Македонија е отворена сега, утре можеби нема
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:15 0:00

Демократскиот конгресмен Грегори Микс зборува за поканата на државата во Алијансата, и претстојниот референдум за промена на името

Вратите на НАТО сега се отворени за Македонија, во друга прилика можеби нема да бидат, вели демократскиот конгресмен Грегори Микс, објаснувајќи какви последици може да има државата, зависно од одлуката на граѓаните на референдмот за промена на името.

„Се надевам дека ќе биде слободен и фер референдум, и дека Русија нема да се инволвира во него, како што направи во САД, за да се обиде да ги наметне нејзините ставови и мислења врз македонскиот народ“, вели Микс.

Правилата на НАТО се јасни, вели тој, а македонскиот народ треба да прифати дека постои држава која е против членството во Алијансата, доколку не се промени името.

Тоа значи, вели конгресменот, треба да се земе предвид што се става во залог ако се гласа против, и во која насока потоа ќе оди државата

„Ако мислите дека со членството во НАТО ќе се постиге напредок во трговијата и економијата, како што се случи со Бугарија, разгледајте ги тие можности и донесете најдобра одлука. Ако колективно одлучите дека не вреди да се менува името нека тоа биде ваша одлука, ничија друга“, објаснува конгресменот.

Микс е убеден дека сојузништвото меѓу Македонија и САД ќе биде многу поцврсто доколку двете држави бидат партнери во НАТО.

„Сфаќам колку се важни Македонија и Европа за САД и за останатиот свет. Ако Македонија стане дел од НАТО тоа ќе не` направи уште поблиски. Ќе значи повеќе контакти и посети од членови на Конгресот во Македонија и обратно“, убеден е Микс.

Вели дека изборите секогаш имаат последици, на ваков или таков начин, поради што народот треба да се информира и да донесе одлука, без надворешно влијание.

Според Микс, што повеќе држави во НАТО и ЕУ толку подобро, за да се осигура подобро утре за идните генерации, кои ќе живеат заедно, а не изолирано.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG