Линкови за пристапност

Каков процес ќе ја очекува Македонија по поканата за НАТО?


Каков процес ќе ја очекува Македонија по поканата за НАТО?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:13 0:00

Процесот се одвива во неколку фази, а во случајот на последната членка на НАТО Црна Гора беа потребни три месеци

Очекувањата се дека за точно една седмица од денеска, на Самитот на НАТО во Брисел, Македонија ќе ја добие поканата за прием во Северноатлантската алијанса.

Но, тоа не значи и заокружување на процедурата за зачленување на земјата во НАТО, како 30-те членка.

Процесот се одвива во неколку фази - по поканата ќе следат т.н. пристапни преговори, кои вообичаено траат неколку месеци. Во случајот на последната членка на НАТО Црна Гора, беа потребни три месеци.

Потоа, следи потпишувањето на пристапниот протокол, по што доаѓа етапата на негова ратификација во парламентите на сите 29 земји-членки на НАТО.

Колку би траел процесот на ратификација варира - за Црна Гора беше 15 месеци, почна во март 2016-та, а заврши во јуни 2017-та.

За Албанија и Хрватска во 2008-та требаа 12 месеци за ратификација на овој пристапен протокол.

Но, независно од времетраењето на ратификацијата, по потпишувањето на пристапниот прокол, Македонија веќе ќе седи на масата на Северноатлантскиот совет. Кај државниот врв нема дилема дека одлуката наредната недела во Брисел ќе биде позитивна.

„Го прифативме предизвикот, и за само една година нашата земја го постигна она што никој не можеше да го предвиди. Нашиот пристап кон решенија овие денови ни донесе радосни вести и позитивни одлуки. Една од нив е најавената покана да бидеме 30 членка на Алијансата“, изјави премиерот Зоран Заев.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска вели дека поканата за НАТО што ќе се добие следната недела ќе значи почеток на ера на стабилност и безбедност за нашата земја.

„Македонија чекори кон сигурна иднина, далеку зад нас го оставаме времето на изолација и осаменост“, рече Шекеринска.

Но, за процесот да заврши со полноправно членство, Македонија мора да го исполни својот дел од обврските преземени со Договорот во Преспа.

Како што минатата седмица порача и генералниот секретар на НАТО, земјата треба да ги спроведе уставните измени за да влезе во Алијансата како Република Северна Македонија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG