Линкови за пристапност

Можно решение за името до јули в година


Џозеф: Решение за името до јули в година
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:38 0:00

Решение за проблемот со името може и треба да се постигне до следниот Самитот на НАТО, вели професорот од Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон

Најдобрата можна вест за Македонија во 2018-та година би било решение на спорот со името, вели за Гласот на Америка, аналитичарот Едвард Џозеф, по најавите на власта за можно решавање на овој проблем в година.

„Ова е прашање кое најмногу ја спречува Македонија во прогресирање на начин на кој треба. Не само кон НАТО и Европската унија, туку и во стабилизирање на државата, привлекување странски инвестиции, и зголемување на економијата“, вели Џозеф.

Тој смета дека решение за проблемот со името може и треба да се постигне до следниот Самитот на НАТО во јули наредната година.

„Тоа е од суштинско значење. Многу млади луѓе нема да сакаат да ја напуштат државата. Ова проблем број еден. Мислам дека е многу позитивно што премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров покажаа позитивен однос кон идентификување на овој проблем, како стратешки приоритет“, изјави Џозеф.

Според него, голема улога во идните преговори ќе има и фактот што новата Влада ги запре провокациите кон Грција, кои, вели тој, ги иницираше претходниот премиер Никола Груевски, со цел да се постигне фер решение за заштита на македонскиот идентитет.

Претседателот Ѓорге Иванов, завчера, во неговиот говор во Собранието, рече дека не може да се лицитира со идентитетот на граѓаните и уставното име на државата.

„Решение за разликата околу името со Грција може да се бара само во рамките на Обединетите нации, каде сме рамноправни. Заемно прифатливото решение мора да го почитува нашиот национален идентитет“, изјави Иванов.

Премиерот Зоран Заев, пак, неодмана изјави дека се` уште нема суштински разговори за прашањето за името, но, оти има решителност за решевање на овој проблем за што, според него, одличен период е првата половина следната година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG