Линкови за пристапност

Истражување: Македонците се за подобрување на односите со Грција


Истражување: Македонците се за подобрување на односите со Грција
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:10 0:00

Истражување: Македонците се за подобрување на односите со Грција

Анкетата била спроведена од Институтот за политички истражувања на крајот на минатата година

Мнозинството граѓани на Македонија ги поддржува напорите на владата за подобрување на односите со Грција.

Според анкетата на Институтот за политички истражувања спроведена на крајот на 2017-тата 57,6 отсто од 1113-те испитаници се изјасниле „за“ по ова прашање. Но, она што е интересно е дека тој процент на поддршка, е помал во однос на истражувањето спроведено година и пол претходно, кога процесот за името, за разлика од сега, де факто беше замрзнат.

Во анкетата се наведува 49 отсто од граѓаните сметаат дека спорот со Грција може наскоро да се реши, речиси 28 проценти рекле дека не може брзо да се најде решение, 23 отсто одговориле не знам, а 42,6 проценти очекуваат прашањето да биде затворено до крајот на 2018, 32,7 проценти се песимисти дека тоа може да се оствари заклучно со оваа година.

Друг изненадувачки резултат е што речиси 65 отсто од прашаните рекле дека не би прифатиле промена на уставното име за Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО, што е за речиси 18 проценти повеќе отколку во март 2016-та кога против се изјасниле 47 проценти од анкетираните.

Премиерот Заев, по вчерашната преговарачка рунда во Виена меѓу Димитров, Нимиц и Коѕијас денеска повтори дека клучни во преговорите се достоинството и идентитетот:

„Мене ми е драго што се разглобени во суштина сите отворени прашања. Ако тргнеме од некои седум позиции кои беа појдовните точки на разговорите, знам дека веќе е намалено на четири позиции, три се отстранети. 03.44 Тие беа најлесните, но добро, тоа е сигнал за нас и охрабрување за грчката страна дека е можно да се изнајде решение. Секако, суштинските позиции се многу значајни, името, уставот дали ќе се менува или не, јазикот и други работи кои таму се спомнуваа. Тоа е суштината на самиот преговарачки процес и можноста за изнаоѓање на решение. “

Премиерот повтори дека географска одредница е прифатлива опција за македонската страна и дека официјално Скопје прави се што може за постигнување договор. Заев се надева дека со секој нареден чекор се приближуваат позициите на Скопје и на Атина во делот на отворените елементи од процесот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG