Линкови за пристапност

Заев и Ципрас нашле една прифатлива опција за името


Позитивни вести од Софија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:40 0:00

Продолжуваат консултации дома за да видиме дали е можно практично спроведување на ова решение, најави македонскиот премиер, по денешната средба во Софија

Добри вести, а не „ладен туш“ дојдоа од денешната средба Зоран Заев - Алексис Ципрас во Софија.

Двајцата премиери на состанокот на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан разгледале неколку можни опции за решение на деценискиот спор и издвоиле една.

Заеднички го констатирале досегашниот напредок на министерско ниво, и оттаму презеле чекор напред во процесот.

„Заедно со премиерот Ципрас разгледавме можни опции за креативни решенија, кои македонската страна ги презентираше во последната фаза од преговорите. Следуваат консултации во двете земји, со релевантните политички фактори. Од денеска пријателството меѓу Македонија и Грција е уште посилно, решаваме спор за да го засилиме достоинството и идентитетот на граѓаните на двете земји. Суштински разговаравме за неколку опции, при што утврдивме една опција, која може да биде прифатлива за двете страни. Продолжуваат консултации дома за да видиме дали е можно практично спроведување на ова решение. Ако е возможно ќе имаме решение“, изјави премиерот на Македонија Зоран Заев.

На прашањето дали има решение, и дали за тоа треба дома да се консултираат, Заев одговори:

„Ќе бидам прецизен и внимателен. После се` што беше постигнато, потврдивме дека стоиме зад тоа и како премиери, и добро е што тоа е завршено. Тоа што беше останато, го отворивме преку неколку опции и утврдивме една опција што може да биде прифатлива за двете страни. Но, јас сум само Зоран, мојот контрапартнер е Алексис, ние сме само луѓе и мора да внимаваме како тоа институционално ќе биде спроведено“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG