Линкови за пристапност

Нимиц: Има ризици ако не се постигне договор


Нимиц: Има ризици ако не се постигне договор
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:38 0:00

Ако дојдеме до таа точка, за решение да треба да се допре идентитетот, за жал ќе нема решение, рече министерот за надворешни работи Димитров

Оптимизмот не го напушта Метју Нимиц по посетата на Атина и Скопје, каде ги слушна коментарите и забелешките за неговиот последен сет-идеи.

Посредникот потврди дека има разлики меѓу двете страни, но, пак порача дека сега е моментот за решавање на деценискиот проблем и напредок на целиот регион.

Медијаторот кој, вообичаено се воздржува од споменување временски рокови за постигнување договор, по денешните средби со државно-владиниот врв во Скопје, зборуваше за недели, а не месеци за постигнување компромис.

„Има шанса, има лидерство во двете земји, кое искрено сака решение. Има ризици во иднина ако не постигнеме договор. Иднината е несигурна, ако сега не постигнеме договор, не се знае што понатаму ќе се случува. Ќе биде трагедија за овој регион и во наредните 20 години да не се реши ова прашање“, изјави Нимиц.

На заедничката прес-конференција со шефот на македонската дипломатија Никола Поповски, Нимиц не сакаше да шпекулира што би се случило ако не се искористи оваа шанса за договор.

И Нимиц и Димитров, одговараа на прашања поврзани со еден од најчувствителните елементи од целиот проблем, т.н. идентитетски дел од прашањето - именувањето на државјанството и јазикот, како и грчките барања за измени на македонскиот Устав.

„Не слушнав ништо од грчката страна што го негира идентитетот на овдешните луѓе. Верувам дека решение, кое е можно, ќе биде во целосна конзистентност со зачувувањето и дури зајакнување на прашањето на идентитетот“, рече Нимиц.

Димиторв, пак, изјави:

„Имам целосно разбирање за оние грчки граѓани кои се идентификуваат како Македонци, но, во Европа во 21 век, не само регионот, никој не може да разговара и да го допре моето лично право, на моите сограѓани, да бидат Македонци кои зборуваат македонски јазик, кој припаѓа на групата словенски јазици. Ако дојдеме до таа точка, за решение да треба да се допре идентитетот, за жал ќе нема решение“, рече Димтров.

По финиширањето на посетата на регионот, медијаторот се враќа во Њујорк, по што се очекува да ги обелодени наредните чекори во преговарачкиот процес – една од можните опции е да биде домаќин на заедничка рудна преговори со двајцата министри за надворешни работи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG