Политичарите и експерите со поделени мислења дали во Македонија се создадени услови за формирање на предизборни меѓуетнички коалиции помеѓу албански и македонски партии. На оваа тема Гласот на Америка разговараше со Рубин Земон експерт по мултикултурализам и градоначалникот на Струга, Зијадин Села.
Време е за формирање на предизборни меѓуетнички коалции помеѓу македонски и албански политички партии во земјава, а последните политичките случувања во Македонија отвораат уште поголем простор за тоа е оценката на дел од аналитичарите кои се занимаваат со меѓуетнички прашања. Рубин Земон етнолог и професор по мултикултурализам во Институтот за Социо културна антропологија во Скопје, коментира дека се пресозреани условите за такво нешто.Според него Македонија во иднина не може да се разива поинаку освен врз основа на т.н мултикултурен конпцет.
„Видовме во овој период особено во прислушуваните разговори дека етничките Македонци и Албанци соработуваат во сите други полиња и не знам што би било пречка тие да соработуваат и да направат заеднички политички платоформи. Мислам дека веќе за разговара за такви прашања, но мислам дека двете страни треба малку да попуштат., бидејки е преамбициозно денес да се зборува за федерализација од едната страна, а од другата страна за држава од македонците“, вели Земон.
Прашањето за македонско - албански коалции во јавноста во Македонија уште повеќе се отвори по средбите кои лидерот на опозицијата Зоран Заев неодамна ги имаше со дел од челниците на помалите опозициони албански партии.
Но Зијадин Села, градоначалник на Струга, општина со мнозинско албанско население и претседател на партијата Движење за реформи со спротивно мислење.
„Истиот одговор од моја страна е даден и на Заев и на сите други. Имам кажано дека за мешани етнички предизборни коалции не е времето во Македонија да се случи. Тие што се изјаснуваат дека се за таков модел треба да одговорат на прашањето дали се за моделот на Белгија да биде вметнато тука во Македонија“, вели Села.
Професорот Земон вели дека потребни се нови сили кои би направиле македонско-албански коалции кои би биле со граѓански концепт, бидејки проблемите во земјата не се етнички, туку граѓански.