Линкови за пристапност

Дали црковните ставови се мешање во државата?


Дали црковните ставови се мешање во државата?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:10 0:00

Дали изнесувањето ставови на црковни владици за одредени актуелни проблеми, значи мешање на црквата во политичките и државни прашања? Последниот таков пример беше неодамна со дел од говорот на Владиката Агатангел на свечена литургија во Охрид и тоа во присуство на Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан и голем број верници.

„Денес, не само што се одрекува македонската црковна афтокефалност, туку се негира и македонскиот национален идентитет, а се загрозува и опстојувањето на македонската држава. Преку перфидни предлози и лицемерни решенија му се нуди на македонскиот народ самоукинување и автогеноцид“, рече Владиката Агатангел.

За Цане Мојаноски, експерт за верски прашања, проблемот како и во многу случаи во Источна Европа е во тоа што црковните погледи стануваат платформи на одделни партиски или политички структури, иако вели тој, црквата како дел од цивилното општество може да има погледи за актуелни прашања.

„Во таа смисла може да евидентираме одделни настани организирани од политички структури во кои црковни претставници учествуваа во потикнувањето или оценувањето на одделни состојби кои можеа или беа во функција на ескалација на таквите односи. И од тој аспект државата треба да проценува дали и колку настанува преминување на границите, додека државата се држи за световното, а црквата за црковното“, вели Мојаноски.

Тој додава дека црковните претставници треба да бидат крајно претпазливи во изнесувањето на мислења особено поврзани со одредени сензитивни теми.

„Ние како граѓанство очекуваме црквата се повеќе да се јавува како фактор кој ќе ги афирмира вредностите и искуствата кои водат до спречување, намалување или непридонесување за затегнати односи или конфикти“, посочува Мојаноски.

Некои други сметаат дека во Македонија како секуларна држава каде црквата е јасно издвоена од државата тоа треба да се почитува.

„Не треба да ја користиме црковната служба за ширење на пропаганда. Треба тие да си ја гледаат нивната работа, како што ние не се мешаме таму и да имаме еден заеднички став за помагање и решавање на оние обични проблеми. Тоа е исто како државата или партијата да се меша кога црквата да одржи црковен собир или кој владика да го ракоположат“, вели историчарот на уметност Гоце Жура.

Инаку ставот на свештенството е дека освен што се свештеници, тие во исто време се и граѓани и имаат право на став, како што ги имаат и сите други граѓански права.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG