Линкови за пристапност

Статуата на Антон Јанев-Ќосето, во текот на ноќта беше отсранета од пред Врховниот суд во центарот на Скопје. Потегот на Град Скопје следи откако е добиен налог од градежниот инспекторат на општина Центар, којшто утврдил дека воопшто немало решение за поставување на статуата на Ќосето која, според општинските и градските власти, била дивоградба. Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, најави дека со ова стартува справувањето со „Скопје 2014“.

„Во Градот Скопје нема понатаму да се толерира незаконитоста и недозволеното постапување и почнува процесот на справување со проектот „Скопје 2014“. Сите досега изведени самоволни активности на претходната власт во градот ќе бидат соодветно законски истретирани. На местото каде се наоѓаше споменикот на Ќосето, Градот Скопје ќе насади дрво на човекови права, каде ќе биде поставена изгравирана плочка која ќе ја добијат од збратимениот град Нирнберг на која ќе биде напишан членот 10 од Универзалната декларација за човекови права на ОН“.

Отстранувањето на споменикот предизвика реакции и на поддршка и на негодување на социјалните мрежи и во дел од медиумите. Претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров, запали свеќа на постаментот на кој стоеше споменикот. Статуата е однесена во магацините на МЗТ од каде во одреден рок ќе треба да ја преземе донаторот - Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин, по чија и иницијатива споменикот беше поставен во септември 2014-тата.

Меѓуресорската комисија на градот Скопје, општина Центар и Министертвото за култура, ја разгледуваат документацијата за „Скопје 2014“ и треба да утврдат дали и каде имало незаконитости при спроведувањето на проектот на претходната власт.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG