Линкови за пристапност

Реакции од САД на апсењето на Ратко Младиќ


Реакции од САД на апсењето на Ратко Младиќ
Реакции од САД на апсењето на Ратко Младиќ

Повеќето заклучуваат дека правдата, иако понекогаш бавна, на крајот секогаш е задоволена

Белата куќа се надева дека Ратко Младиќ, обвинет за геноцид во војната во Босна во 1990-те, навремено ќе биде префрлен во Хаг. Претседателот Барак Обама ја поздрави акцијата на српските власти, велејќи дека сега Младиќ пред жртвите и светот ќе одговара на суд. Ова е важен ден, не само за семејствата на многуте жртви на Младиќ, туку и за Србија, за Босна, за САД и за меѓународната правда, стои во реакцијата на Белата куќа.

Стејт департментот во писменото соопштение наведува дека апсењето на Младиќ служи како порака до сите ширум светот кои ќе го прекршат законот и ќе посегнат по невиното цивилно население.

За поранешната државна секретарка Медлин Олбрајт, апсењето е добар знак за Србија дека се соочува со своето минато. Младиќ се обиде да биде херој-освојувач. Наместо тоа, живееше криејќи се и сега ќе мине години во притвор. Правдата функционира, вели Олбрајт.

На иста линија и поранешниот американски амбасадор во НАТО Курт Вокер, кој за Гласот на Америка изјави дека ова ќе и` помоне на Србија да тргне напред и да сврти нов лист од ново поглавје.

Кристофер Хил, поранешниот американски амбасадор во Македонија, за Гласот на Америка потенцираше дека со нетрпение чека по оваа акција Србија брзо да се придвижи кон реализација на аспирациите за членство во ЕУ.

Се огласи и Сенатската комисија за односи со странство. Претседавачот Џон Кери вели дека сите оние кои извршуваат злосторства и оние кои размислуваат за репресија врз сопствениот народ, треба да извлечат поука. Меѓународната заедница нема да мирува, се` додека правдата не биде задоволена, се наведува во писменото соопштение од канцеларијата на сенаторот Кери.

Амнести интернешенал оценува дека ова е голем чекор кон правдата, но бара и домашните судови да не заборават на обврската да ги гонат осомничените за воени злосторства.

XS
SM
MD
LG