„Победата е и над нашите претходни очекувања. Таа е поголема отколку самите претходно очекувавме“, изјави доцна синоќа премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Според него, во Македонија се организирани слободни, фер и демократски избори, кои се пред се` победа на сите граѓани и државата Македонија.
„Победи Македонија, победи ВМРО-ДПМНЕ, победија делата!“, потенцираше Груeвски.
Според ВМРО-ДПМНЕ, нивната коалиција победила во најмалку 25 општини, а во 32 е во водство. Единствено во општините Велес и Центар, во кои според најавите беа очекувани победи на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, е неизвесно, додека во скопските општини Аеродром, Бутел, Гази Баба и Кисела Вода, убедливо водат кандидатите за градоначалници на владејачката партија, која објави победа во првиот круг во Македонска Каменица, Вевчани, Дојран, Градско, Росоман и во Демир Капија , како и убедливо водство во Охрид и во Прилеп.
Покрај навидум извесната победа во првиот круг во Струмица, опозициониот СДСМ смета дека ќе победи во Дебарца, Ранковце, Карбинци, Берово, Кочани, Богданци, и во скопската општина Ѓорче Петров, додека во Битола, според партискиот потпретседателот Гордан Георгиев, „поради големиот број нерегуларности се случува вистинска драма“.
„Битката за Битола ќе ја водиме преку правни средства“, изјави Георгиев.
Досегашниот градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски, кого СДСМ го исклучи од своите редови поради непочитување на одлуката за бојкот, според медиумските извештаи е во убедливо водство.
ДУИ објави победа во Чаир Сарај, Дебар, Желино, Пласница, Боговиње и Липково. Медиумите го цитираат лидерот Али Ахмети дека ДУИ во Кичево има предност од 1.600 гласови, а во Тетово од 3.600 гласови, а води и во Гостивар.
Според првичните информации, во Струга води кандидатот за градоначалник на Струга од ДПА. Според лидерот на оваа партија, Мендух Тачи, ДПА не ги доби изборите, но освои 21.000 глас повеќе од претходните избори.
Министерката Гордана Јанкулоска ги оцени изборите како најмирни досега, а во текот на изборниот ден МВР поднело само три кривични и две прекршочни пријави.
Граѓанската асоцијација „Мост“, која имаше најголем број домашни набљудувачи на изборите, забележала шеесетина случаи на семејно гласање и некористење на УВ-ламба.
Според првичните проценки, меѓу 2.500 и 3.000 македонски граѓани кои живеат во странство, главно етнички Албанци, допатувале со чартер-летови да гласаат во градовите во Западна Македонија, а потоа си заминале. Најголемиот дел од избирачите од странство беа гастарбајтери од Швајцарија.