Линкови за пристапност

Заев: Кукавичлук е да не се дозволи Законот за јазиците да живее


Заев: Кукавичлук е да не се дозволи Законот за јазиците да живее
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:36 0:00

Опозицијата, пак, го повтори ставот кој е сосема поинаков од оној на премиерот - власта насилно протуркала неуставен закон

Ниту власта, ниту опозицијата, не покажуваат знаци на попуштање во позициите за Законот за јазиците, чие второ усвојување, како и второто вето на шефот на државата, освен што ја поделија политичката сцена, предизвикаа сериозно бранување во јавноста - како меѓу експертите, така и меѓу граѓаните.

Премиерот Зоран Заев денеска уверуваше дека Законот нема ништо да промени во Македонија, и оти нема да ја наруши нејзината иднина.

„Да го оставиме Законот за употребата на јазиците да го види денот. Мене ми е жал што претседателот на државата одлучи буквално да не го почитува Уставот, и објави по вторпат дека нема да го потпише Законот. Тоа не е добро, тоа е флагрантно кршење на Уставот на Македонија и секако институциите немаат право да дозволат тоа да се случи. Но, истовремено тоа за мене значи кукавичлук, да не се дозволи овој закон да живее, поради тоа што ако се пушти законот да заживее, конечно ќе ја реализираме последната правна обврска од Охридскиот договор. И сите ќе видат дека нема да има `тиранска агенда` во Македонија“, вели Заев, нагласувајќи дека Законот треба да се потпише и да се достави до Уставниот суд и до Венецијанската комисија за мислење.

Опозицијата, пак, го повтори ставот кој е сосема поинаков од оној на премиерот - власта насилно протуркала неуставен закон.

За поранешниот премиер Никола Груевски, кој се конфронтираше со собранискиот спикер, станува збор за уривање на Собранието.

„Албанците во Македонија се наши сограѓани и наши соседи, кои не заслужуваат закони, кои ги засегаат, да се носат на ваков шврецерски, незаконски и неуставен начин, за само некој политички да покаже дека се бори“, смета Груевски.

Денеска претставници на ЕУ избегнаа да коментираат за Законот, за кој Кристијан Тимоние, амбасадорот на Франција, една од највилјателните земји-членки на Унијата, вчера кажа дека може да ја проблематизира безусловната препорака за старт на преговорите за членство поради начинот на кој беше донесен.

На социјалните мрежи, на кои не стивнуваат дебатите, се постираат фотографии од пратениците од мнозинството, кои гласаа „за“ за Законот со натписи „предавници“.

Се објавуваат и видеа од протести пред домовите на овие пратеници кои, според информациите, се под полициско обезбедување поради реакциите на дел од јавноста.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG