Линкови за пристапност

Зимски туризам во Крушево


Зимски туризам во Крушево
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:01 0:00

Оставен на забот на времето без некои поголеми инвестиции, ски центарот во Крушево е речиси ист како и пред 50 години

Каков бил во поранешна Југославија таков е речиси и сега. Ваква е сликата и по скоро пет децении од изградбата на ски центарот „Станич“ кај Крушево во далечната 1974 година. Крушевчани велат дека се е речиси исто од жичарата до ски лифтовите, а во функција се само дел од ски патеките. Андон Ѓечески е порашен репрезентативец на Македонија во скијање.

„Во моментот состојбата е полоша од 70-тите години кога се изгради центарот. Сега тоа што е изградено пред децении не е обновено. Не се одржуваат патеките. Во моментот, не само оваа година и годиниве, најмалку десет години патеката Долче не се одржува и не е за употреба. И таа е еден вид опасна за употреба“, вели Гечески.

Не се користат нитутоповите за вештачки снег, а не заживеало ниту ноќното скијање, иако пред неколку години се создадени услови за тоа.

Локалните угостители бараат државата да стави рака на Крушево.

„Мислам дека државата би требала да стави рака бидејки Крушево е на милост и немилост последните 30 години и е оставено само. Би можело да се вложи и би можело да биде ова ски центар не од врвен карактер за професионалци, но за почетници, аматери и за деца би било идеално“, вели Жан Здравески-Шапе, угостител од Крушево.

​Но, и покрај проблемите интересот за Крушево се зголемува за престој во текот на цела година, а оваа зимска сезона билаедна од најдобрите досега.

„2018 година се покажа како една од поуспешните до сега. Во бројки забележавме околу 70% раст по бројот на посетеност во споредба со 2017 година и се реализирани приближно 35.000 ноќевања.Тенденцијата на зголемување продолжува “, вели Сотир Габелоски од општина Крушево.

Сепак, надежта во Крушево ја гледаат и во проект изработен пред околу три децении, а со кој се превидува изградба на ски центар и на блиската планина Мусица, каде имало можност за отварање на ски патеки по меѓународни стандарди долги и до 4 километри. Од општината велат дека минатата година имале посета од заинтересирани потенцијални инвеститори од надвор.

„Мислам дека Крушево станува се повеќе популарно. Ќе има инвеститори и ќе се гради повеќе“, вели Христо Кико Петрески, ски инструктор.

„Тврдам дека доколку се развие Мусица во еден светски скијачки центар дека цело Крушево би живеело од туризам за 10 години од сега“, вели Филип Ристоски, менаџер во хотел Монтана.

Од владата велат дека ако општината има потреба од помош при евентуална реализација на одредени идеи ќе ги разгледаат нивните иницијативи.

Ски центарот во Крушево го градело некогашното транспортно општинско претпријатие. Со него изминатите години стопанисуваат локални приватни компании.

Највисокиот град на Балканот, Крушево има перспектива. Но само доколку се реализираат проектите за развој на туризмот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG