Линкови за пристапност

Косово очекува поголема поддршка од Македонија


Косово очекува поддршка од Македониај
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:27 0:00

Соработката меѓу Македонија и Косово ќе продолжи преку заеднички владини седници, најавија министрите за надворешни работи

Очекувањата на земјите од Западен Балкан се дека 2018-та година ќе биде европска година за регионот. Надежите на новата Влада во Скопје се базираат на зголемениот интерес во Брисел, но, и на како што вели шефот на македонската дипломатијата Никола Димитров, два други елемента – завршувањето на домашната агенда на секоја од државите и степенот на добрососедство.

Меѓу другото, и за ова прашање, во Скопје, Димитров разговараше со косовскиот колега Беџет Пацоли.

Има потреба од поголема соработка меѓу двете земји, при што, Македонија е во чувствителна позиција – да внимава на сопствените, но, и дипломатски да балансира меѓу интересите и на Приштина, и на Белград, поради низата отворени прашања, како што е прашањето за членство на Косово во УНЕСКО - барање кое засега, како што рекоа косовските власти, е „прагматично одложено“.

„Македонија ова прашање го третира со исклучителна внимателност, затоа што е работа која ја делат два наши соседи, а кои сакаме да бидат на иста страна. Ние нема да имаме клучна улога во тој процес и откако ќе дојде на дневен ред ќе ги имаме предвид интересот на нашите пријатели од Косово, интересот на нашите пријатели од Србија и ќе донесеме одлука согласно интересите на Република Македонија“, рече Димитров.

Според Димитров, земјите од регионот треба побрзо да ја прифатат перспективата дека нема страни за најделикатните прашања, затоа што сите еден ден ќе бидат на иста страна. Пацоли порача дека очекува поддршка од Скопје.

Ја поддржуваме Македонија и ја очекуваме нејзината поддршка. Ние сме две соседни земји и соседот не се избира. Нашата судбина е да соработуваме“, изјави Пацоли.

Соработката меѓу Македонија и Косово, кои од 2009 имаат воспоставено дипломатски односи, ќе продолжи преку заеднички владини седници – првата најавена за почетокот на идната година. Паралелно со интензивирањето на соработката со Приштина, Скопје бележи надолна линија во односите со Белград која кулминираше со августовското повлекување, па враќање, на српскиот дипломатски пероснал од земјава.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG