СКОПЈЕ —
Со огномет и голем број гости, политичари, дипломати, културни работници, новинари, Амбасадата на САД во Македонија синоќа го прослави Денот на американската независност 4-ти јули, годинава одбележувајќи го 237 јубилеј. На приемот во кругот на Амбасадата во Скопје, додје целиот македонски државен врв, на чело со претседателот Ѓорѓе Иванов. Домаќинот, амбасадорот Пол Волерс и неговата сопруга, прво ги пречекаа гостите, а потоа со сите ја сподели и здравицата. Во неговото обраќање до пријателите на САД, тој зборуваше за пријателството и соработката што САД и Македонија го споделувата со децении, како и меѓусебната поддршка.
„Нашето пријателство не е површно. Вие сте биле наши партнери на опасни места, како во Ирак и во Авганистан, заради остварување заеднички цели. Ние сме биле со вас кога не било лесно. САД ги поддржуваат граѓаните на Македонија заради тоа што ги споделуваме вашите цели и соништа, како што беше во 1991 година, која ја поддржавме вашата независност, во 1993 и во 1994, кога работевме за да ги заштитиме вашите граници, во 1998 кога помогнавме во преговорите да се стави крај на економското ембарго, во 2001 кога помогнавме да се стави крај на конфликтот. Во 2004 кога ве признавме под вашето уставно име и во 2008 година кога воопшто не беше лесно, но претседателот на САД се бореше за вас до последниот момент на Самитот на НАТО во Букурешт“, рече амбасадорот Волерс.
Директно обраќајќи се до македонските граѓани, тој додаде:
„Граѓаните на Македонија сакаат посилно, побезбедно и попросперитетно општество. Сакам да знаат дека додека работат во насока на остварување на тие цели, уште од независноста на земјата, тие немаат и немале поголем пријател од САД“.