На Меѓународниот ден за прекин на неказнивост на злосторства против новинарите, Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), кое е најголемото новинарско здружени во земјава, од надлежните побара итни мерки за подобрување на ситуацијата со зачестените напaди врз новинари.
Според статистиката на ЗНМ, од почетокот на оваа година има 14 напади и груби закани кон новинари.
Лани биле само четири, што значи дека оваа година нападите и заканите се трипати повеќе.
„Бараме во следниот период Министерството за правда да направи измени во Кривичниот законик. Со измените треба да се прошири надлежноста на Обвинителството да постапува по службена должност по кривични дела поврзани со напади на новинари и да се зголемат казните кон напаѓачите. Во исто време од ОЈО бараме да формира посебно одделение, кое ќе ги гони напаѓачите на новинарите. Напад врз новинар е напад врз демократијата и тоа е недозволиво за земја која сака наскоро да ги почне преговорите за членство во ЕУ“,изјави Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ.
Facebook Forum