Линкови за пристапност

Џез музичарите сакаат да дојдат во Охрид, и за пониски цени


Интервју со Предраг Каранфиловиќ, иницијатор за џез-викенд на Охридско лето
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:55 0:00

ИНТЕРВЈУ: ПРЕДРАГ КАРАНФИЛОВИЌ, ПРОДУЦЕНТ

Охридско лето годинава понуди поразлична програма од вообичаената, со настап на повеќе џез музичари од САД и од Европа. Во Охрид ги донесе Предраг Каранфиловиќ, кој скоро четири децении има дискографска куќа „Алијанс рекордс“ со седиште во Њујорк, Копенхаген и во Лондон.

Вие бевте иницијатор за џез викендот на Охридско лето. Првпат ли е ова?

Мојата идеја да се оствари еден џез викенд беше прифтена доста добро, и решението беше да ги донесеме „Фор плеј“ за отворањето на Охридско лето. Големо име е и Лари Дан, музички директор, со повеќе од 42 години искуство и 150 милиони продадени цедиња.

Тешко ли беше да ги донесете овие врвни музичари овде?

Работам и со многу други познати имиња во Европа и во САД. Успеавме да се согласиме, после девет месеци услогласување на терминот, како и финанските можности, кого да донесеме тука.

Како го прифатија Охридско лето, и знаеја ли за каков фестивал се работи?

Охридско лето е една голема манифестација. Бидејки ова е 57 издание, беше сфатена како сериозна установа. Сите прифатија, дури да дојдат и за пониски цени.

Имате ваша дискографска куќа во Копенхаген и во Њујорк. Какви се вашите искуствата од работата со овие џез музичари?

Веќе 42 години сум во Данска. Дискографската куќа ја отворив пред 32 години, на покана на гитаристот Ал Мек Кеи, кој ги слушна моите можности. Тешка е работата денес, бидејќи целата музичка индустрија е базирана на инатернет. Се трудам да ги одржам крилата над вода.

Задоволни ли се џез музичарите од Охрид?

Да. Задоволни се од гостопримството на луѓето, како и од пристапот кон нив. Велат дека сите би сакале да се вратат што поскоро тука.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG