Линкови за пристапност

САД го честитаа Денот на независноста на Македонија


Државниот секретар Џон Кери по тој повод упати писмо од името на претседателот Барак Обама и американскиот народ.

„Во име на претседателот Барак Обама и американскиот народ, упатувам најискрени честитки до македонскиот народ по повод 8-ми септември, Денот на независноста.

Оваа важна годишнина, на нашите земји им дава можност да се осврнат на цврстината на нашето пријателство изминатиов четвртина век. Македонија од независноста, наваму, има постигнато голем напредок и САД се горди што ја поддржуваат вашата земја со секој преземен чекор. Досегашната меѓусебна соработка во областа на безбедноста, трговијата, доброто владеење и одржување на контактите меѓу народите, ја подвлекува длабочината на нашите односи.

САД ќе продолжат да ја поддржуваат Македонија во нејзините напори за изградба на инклузивно, просперитетно и демократско општество, што ќе овозможи просперитет на македонскиот народ“, се вели во писмото на шефот на американската дипломатија Џон Кери, по повод Денот на македонската независност.

XS
SM
MD
LG