Линкови за пристапност

Македонија целосно не ги исполнува условитe за сузбивање на трговијата со луѓе


Се препорачува подоследно истражување, и осудување на трговците со луѓе, вклучувајќи ги и соучесниците во кривичните дела.

Во овогодишниот извештај за трговијата со луѓе на американскиот Стејт департмент се вели дека Владата на Македонија целосно не ги исполнува минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе. Меѓутоа во извештајот се наведува дека во споредба со претходниот период, Владата покажала зголемени напори. Сепак, Македонија остана во втората зона (Тиер) на земји.

Владата покажа засилена иницијатива со изготвувањето и усвојување на националната стратегија и националниот акционен план 2017-2020-та година и со назначување на национален известувач и национален координатор за трговија со луѓе.

Владата развила индикатори за потенцијалните жртви на трговија со луѓе во миграциските процеси и стандардизирани процедури за идентификација на жртвите. Властите исто така ги зголемила финансиските средства за жртви на трговија со луѓе кои се наоѓаат во државните транзитни центри.

Сепак, Владата не ги исполни минималните стандарди во неколку клучни области. Биле осудени помал број на трговци со луѓе отколку што биле пријавени. Владата не доделила никакви грантови за невладини организации за борба против трговија со луѓе, како што тоа го правеше во изминатите години и го прекина партнерството со невладините организации кои обезбедуваа услуги во владините прифатни центри.

Стејт департментот препорачува подоследно истражување, и осудување на трговците со луѓе, вклучувајќи ги и соучесниците во кривичните дела. Обезбедување на напредна обука за судиите, обвинителите и за органите на редот за истрага и казнување на трговците со луѓе. Се препорачува и обезбедување на поголеми ресурси за заштита на жртвите, исто како и формализирани партнерства со невладините организации.Обезбеди сместување на странски жртви на трговија со луѓе во безбедни и соодветни услови за рехабилитација и овозможување на жртвите да ги напуштат засолништата по сопствена волја, се наведува во извештајот.

Годишниот извештај на Стејт департментот ја намали позицијата на Кина до најниската, трета зона. Во извештајот се наведува дека земјата не ги исполнува „минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе и не прави значителни напори во тој правец.“

Кина е во иста категорија со Северна Кореја, Иран и Сирија.

Во своето обраќање, државниот секретар Рекс Тилерсон ги повика сите држави да преземат чекори за борба против проблемот:

„Фокус на годинешниов извештај е владината одговорност според Протоколот од Палермо, за криминализирање на трговијата со луѓе во сите форми и за гонење на прекршителите. Ние ги повикаме 17-те земји кои не се дел од меѓународниот протокол за спречување, сузбивање и казнување на трговијата со луѓе да ја преиспитаат својата позиција и да им се придружат на другите земји што ја дале таа обврска.“, оцени Тилерсон.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG