Линкови за пристапност

Македонија: Комеморација за жртвите на холокаустот


Македонија: Комеморација за жртвите на холокаустот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:18 0:00

Со едноминутно молчење на почеток денеска во македонското МНР се одржа комеморативна церемонија по повод 27-ми јануари, Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот кој однесе повеќе од 6 милиони животи.

„Наша заложба е денес утре и во деновите што се пред нас да им оддадеме почит на сите жртви на холокаустот, вклучувајќи ги повеќето од 7.000 Евреи од Македонија кои во 1943 беа депортирани во логорот на смртта во Треблинка“ – изјави министерот за надворешни работи, Никола Попоски.

Присутните, меѓу кои и бројни дипломати ги слушнаа приказните на дел од семејствата на ретките преживеани кои ги опишаа случувањата од пред речиси 75 години.

Сарале Гутман, ќерка на единствената Еврејка од Македонија која го преживеала холокаустот во Аушвиц кажа:

„Се подготвуваа за вечера, според сите обичаи, кога дојде една жена и кажа дека сите Евреи од Битола ќе се депортираат во непозната дестинација“.

Пораката на сите говорници беше дека денеска се оддава сеќавање на оние чија иднина никогаш не дошла и дека светот не смее повторно такво зло да толерира.

„Сите треба да се сеќаваме, дека секоја жртва не е бројка, туку има свое име. Македонија загуби голем дел од својата култура со смртта на 98 проценти од еврејското население“ – рече американскиот амбасадор Џес Бејли.

Амбасадор на Израел во Македонија Дан Оријан кажа:

„Треба да се сеќаваме на сите, на последната жртва. Кога се јавува негирање на холокаустот и тоа се повеќе во светот, навистина е извонредно што ваква манифестација се одржува во Македонија“.

Во март 1943 година за само неколку дена окупациските сили во Македонија извршиле низа рации во Скопје, Битола и Штип – било собрано еврејското население, префрлено во Скопје од каде во три групи е депортирано во концентрационите логори на смртта.

XS
SM
MD
LG