Линкови за пристапност

Минатото да не се повтори - порака од маршот за сеќавање на Евреите


Минатото да не се повтори - порака од маршот за Евреите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:00 0:00

Изминатиот викенд, комеморативни манифестации слични како денешните во Скопје, се одржаа и во Битола и во Штип

Маршот на живите, во спомен на депортираните Евреи од Македонија, почна пред Музејот на Скопје, а заврши пред Тутунскиот комбинат, од каде пред 75 години, во март 1943-та, 7.144 лица, со вагони беа однесени во логорите на смртта.

Во поворката учествува и премиерот Зоран Заев, бугарскиот премиер Бојко Борисов, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ, кој е во официјална посета на Македонија, амбасадорт на САД Џес Бејли, како и Ендрју Бејкер од Американскиот еврејски комитет.

Пораката беше - минатото да не се повтори.

„7.144 Евреи од Скопје, Битола и Штип и од цела Македонија, беа собрани тука, во просториите на тогашниот Монопол и пратени на еден пат, од кој никогаш не се вратиле. Нивниот најголем престап беше нивното постоење, нивната култура, традиција, нивната заедница“, изјави Заев.

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов, рече дека присуствува на маршот за да изрази почит и тага кон убиените.

„Но и да извлечеме поука и да разбереме дека на Балканот треба да градиме, да работиме заедно, да одиме кон подобро уредување и сите народите да живеат среќно, а минатото да остане за историјата“, порача Борисов.

Пол Шапиро од Меморијалниот музеј на Холокаустот во Вашингтон праша:

„Дали денешната изјава на премиерот Борисов е важна. Да, храбар чин на премиерот е тој денеска да биде овде, тоа нас не` охрабрува за да ја истражиме историјата“, смета Шапиро.

Собранието, пак, одржа седница по повод годишнината од депортацијата.

„Преку усвојувањето на декларацијата по повод 75-годишнината од депортацијата на Евреите од Македонија, испараќаме гласна порака Холокаустот и кој било геноцид, никогаш да не се повтори“, изјави Талат Џафери, претседател на Собранието.

Изминатиот викенд, комеморативни манифестации слични како денешните во Скопје, се одржаа и во Битола и во Штип.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG