Линкови за пристапност

И гости од Германија и Израел маршираа во сеќавање на убиените Евреи


Нема да дозволиме антисемитизам, говор на омраза и нетолеранција, рече Џафери, претседател на Парламентот

Илјадници вчера маршираа во Битола, во сеќавање на македонските Евреи, жртви на Холокаустот за време на Втората светска војна.

Маршот беше организарин да се одбележат 75-те години од депортацијата на повеќе од 7.100 Евреи во логорите во Полска.

На маршот се приклучија и посетители од Германија и од Израел.

„Никогаш нема да го заборавиме Холокаустот. Нема да дозволиме антисемитизам, говор на омраза, нетолеранција, ксенофобија или каков било друг феномен, кој значи прекршување на човековите права“, изјави Талат Џафери, претседател на Парламентот.

Македонија беше дел од Југославија, кога нацистичка Германија и нејзините сојузници го окупираа регионот во 1941-та година.

Речиси сите македонски Евреи беа убиени во концентрационите логори.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG