Линкови за пристапност

Поддршка за средношколскиот пленум од родителите


Родителите организирале дежурства во кампот каде децата спијат на отворено веќе две недели.

Учениците од повеќе средни училишта од Скопје веќе четири недели ја бојкотираат наставата за да го изразат своето незадоволство од, како што велат, лошите реформи во образованието. Министерството за образование ги прекина преговорите со Средношколскиот пленум, но средношколците велат дека немаат намера да се откажат.

Средношколскиот пленум денеска ја потврди одлуката да се остане во импровизираниот камп во паркот на новинарите наспроти зградата на Министерството за образвование.

Исто така денеска, средношколците добија официјална поддршка и од - родителите.

Тие попладнево одржаа заедничка информативна средба на влезот од гимназијата „Јосип Броз Тито“. Заедно со претставници на средношколците, Народниот правобранител и Хелсиншкиот комитет, родителите слушнаа за сите законски права и обврски од аспект на образованието на средошколците.

„Децата одлично ја водат својата борба. Ние од самиот почеток на екстерното тестирање увидовме голем број слабости, децата ... се во право“, изјави еден од присутните родители.

Родителите се организраа во таканаречен родителски пленум, и донесоа одлука дел од нив да дежураат во смени во кампот на каде средношколците веќе втора недела спијат под отворено небо.

Во врска со можноста средношколците кои протестираат да ја загубаат годината родителите велат дека тоа е нелогично, зашто најголем дел од оние кои бојкотираат биле одлични ученици, а наставата во меѓувреме не се одвивала во најголемите скопски гимназии.

Владата минатата недела соопшшти дека е подготвена да попушти само оваа година матура да се полага по стариот концепт, односно во писмена форма, а математика да биде изборен предмет. Средношколците бараат одлагање четири години додека се работи на новиот модел.

XS
SM
MD
LG