Линкови за пристапност

Неуспешен обид за надминување на кризата


An aerial view of a training session of England's national soccer team at the Urca military base near Copacabana beach, Rio de Janeiro, Brazil, June 9, 2014.
An aerial view of a training session of England's national soccer team at the Urca military base near Copacabana beach, Rio de Janeiro, Brazil, June 9, 2014.

Средбата Груевски - Црвенковски заврши без договор.

Не успеа обидот со дијалог меѓу владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ да се излезе од политичката криза во Македонија по инцидентите во Собранието на 24-ти декември. По час и половина разговор меѓу делегациите на двете партии, предводени од нивните први луѓе, заклучокот од нивните изјави е дека не бил постигнат никаков договор.

„Груевски настапи како ништо да не се случило и предложи да се вратиме во Собранието и да продолжи демократски дијалог. За нас, на 24-ти декември, со налог на Владата беше прекршен Уставот. Насилно беа исфрлени пратениците и новинарите, со што Парламентот го изгуби легитимитетот на демократска институција. За нас, единствено решение за излез од кризата се предвремени избори”, изјави водачо
„Груевски настапи како ништо да не се случило и предложи да се вратиме во Собранието и да продолжи демократски дијалог. (...) За нас, единствено решение за излез од кризата се предвремени избори”.
Бранко Црвенковски, водач на СДСМ

на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Од друга страна, првиот човек на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, ја обвини опозицијата дека намерно го предизвикала инцидентот во Собранието за да избегне пораз на локалните избори и да најде алиби за неучеството на гласањето закажано за март.

„Разговорите се сведоа на две работи: на ултиматумот што го поставија за одржување на предвремени парламентарни избори и неподготвеноста да се разговара за што било друго за што во претходните денови тие говореа во јавноста дека им е значајно“, рече премиерот.

„Ќе има локални избори, со или без СДСМ, бидејќи СДСМ не е единствената опозиција во државата”.
Никола Груевски, водач на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на РМ

Тој кажа и дека без разлика дали СДСМ ќе учествува на локалните избори, тие ќе се одржат во март.

„Ќе има локални избори, со или без СДСМ, бидејќи СДСМ не е единствената опозиција во државата”, беше дециден Груевски.

Црвенковски, пак, го повтори ставот дека нема враќање во Собранието без предвремени парламентарни избори.

„Ако нема предвремени парламентарни избори, не се враќаме во парламентот и не учествуваме на локални избори. Единствено излезно решение од оваа политичка криза се предвремени парламентарни избори кои ќе бидат фер и демократски“, смета Црвенковски.

Прашан дали СДСМ ќе поддржи решение за името, тој одговори дека неговата партија дава бланко подршка за решение што не навлегува во идентитетските прашања, но потенцираше дека доколку не се најде излез од кризата, поддршката нема да важи.

За исходот од денешниот обид за излез од кризата, аналитичарот Јове Кекеновски рече дека ова е само почеток на процесот, со јасен сигнал дека во дијалогот меѓу двете страни ќе биде потребно поголемо учество на меѓународните фактори.

Политикологот Владимир Божиновски, пак, оцени дека доколку СДСМ не учествува на локалните избори, ќе се соочи со ризик од распаѓање.

За политичката криза станало збор и на средбата на министерот за надворешни работи Никола Попоски со комесарот Штефан Филе. Според шефот на македонската дипломатија, неговите соговорници во Брисел сметаат дека кризата треба да се решава во Собранието и во институциите на системот.

За кризата денес се разговарало и во Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент, каде била разгледувана нацрт-резолуцијата за Македонија.
XS
SM
MD
LG