Линкови за пристапност

Корупцијата сериозен проблем во Северна Македонија


Во извештајот на ГРЕКО стои дека обвинителствата и СЈО речиси не работат на предмети од висока корупција, а оти медиумите се „неслободни“

Вкупно 23 препораки се наведени во извештајот, кој го изготвија експертите од Групата земји за борба против корупцијата ( ГРЕКО), a кој се однесува на спречување на корупцијата и промовирање интегритет кај централната власт.

Најголем дел од препораките се однесуваат на Министерството за внарешни работи (МВР) и на централната власт.

Опшатата оценка е дека корупцијата е сериозен проблем во нашата држава, како и отсуството на транспарентност, но, и волја кај органите на прогонот, пред се кај обвинителствата, да работат на предмети од висока корупција и на политички чувствителни случаи.

„Иако Специјалното јавно обвинителство оформи предмети во суд за неколку случаи на корупција на високо ниво, кои произлегуваа од скандалот со прислушување, обвинителите генерално не гонат систематски случаи од висок профил или политички чувствителни случаи“, стои во изештајот на ГРЕКО.

Извештајот констатира дека во Северна Македонија има сеопфатни закони за борба против корупција, но, само на хартија и со слаба и пред се` селективна примена.

Mакедонските власти имаат рок до крајот на септември идната година да поднесат извештај за преземените мерки за поправање на ситуацијата

„Спроведувањето на политики и закони за борба против корупцијата е слабо и селективно, и честите законски измени создале општа непредвидлива средина и дозволиле корумпирани јавни службеници да дејствуваат неказнето“, се наведува во извештајот.

На судовите во државата мора да им се обезбеди независност и само на тој начин судството може да почне да функционира непристрасно, а системот на кривична правда да стане успешен во борбата против корупцијата.

Нотирано е широко распространето политичкото мешање во работата и именувањата во јавната администрација, и оти непотизамот и судирот на интереси не се соодветно третирани, а медиумите „неслободни“.

Експертите од ГРЕКО препорачуваат систематски да се спроведува проценка на ризик на интегритетот, што ќе ги опфаќа сите функционери, лични советници и надворешни соработници.

Кога станува збор за вработувањето на советниците и за слични функции врз основа на дискреционо право на функционерите од централната власт мора да се воведат правила за неспоивост и да се воведе ветинг врз основа на правилата за интегритет.

ГРЕКО смета дека е неопходна поголема транспарентност при именувањето на функционерите и нивните работни обврски, како и етички кодекс за лицата кои вршат највисоки извршни функции.

Во извештајот се препорачува зајакнување на надзорот врз изјавите за интереси и имот на лица, кои вршат највисоки извршни функции во Владата, преку преку зајакнување на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) со човечки и финансиски ресурси, но, и надлежности.

За МВР, за кое во извештајот има дури 14 препораки, клучно е да се обезбеди доволна оперативна независност на полицијата во однос на Министерството за внатрешни работи, и истато да се осигура во пракса, да се преземат релевантни мерки со цел да се обезбеди индивидуалните должности на полицајците да бидат соодветни со постоечките правила за интегритет и непристрасност со цел да ги извршуваат своите функции на политички неутрален начин.

Пратеничката од редовите на СДСМ Снежана Калеска - Ванчева, на прес конференција во Собранието, кажа дека дел од извештајот се однесува и на периодот кога државата била водена од поранешниот премиер Никола Груевски.

„ГРЕКО го објави извештајот за Република Северна Македонија, каде се наведени 23 препораки за земјава. Она што треба да се потенцира е дека се опфатени низа неправилности како и незаконско работење на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во последната година од нејзиниот мандат. Во извештајот се посочуваат примери на корупција, кршење на човековите права, се посочува дека поранешниот премиер Никола Груевски е под истрага за нелегално финансирање на партијата, а во исто време се посочува на неправилности во доделување тендери на фирми“, рече Калеска - Ванчева.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG