Линкови за пристапност

Поделени мислења на граѓаните за спорот со името


Анкета на граѓани за спорот со името
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:31 0:00

Еве што велат некои од жителите во најновата анкета на Гласот на Америка

Нова, Горна, Северна, Вардарска или Република Македонија (Скопје). Ова се најспоменуваните имиња кои се во оптек за ново име на државата. Граѓаните се со поделени мислења. Некои велат дека нема ништо спорно во евентуалната додавка на името Македонија, други пак дека не треба да се менува Уставното име.

„Ако се мора, за мене најприфатливо е Нова Македонија, затоа што вистински е понова, создадена во 1944-та година, но потврдена 1991-ва. Затоа сметам дека тоа ќе биде безболно како за нашите жители, а ќе биде погодно и за Грците и Бугарите“.

„Мислам дека Република Македонија (Скопје), беше едно време. Можеби тоа ќе беше најдобро, бидејќи таа додавка со текот на времето и можеби ќе ја нема“.

„Не треба да се промени името. Дали Вас името може некој да Ви го промени, не може, и затоа мислам дека нема шанса народот да бара да се промени името“.

„Јас не сум за никаква промена. Само Република Македонија е доволно. Но, тоа е работа за политичарите. За тоа земаат плата и нека мислат како ќе ја решат таа ситуација“.

„Да се откажат од преговори и да се оди по пресудата“.

Некои од граѓаните пак имаат свои предлози, за кои велат дека политичарите треба да размислат.

„Јас сум за географска одредница. Предлагам Северозападна Македонија. И од Бугарите да се ограничиме, и од Грците. Ќе мора да се обележиме географски, бидејки тоа е влезот за НАТО и ЕУ“.

„Не би прифатил друго решение, освен Република Македонија или Демократска Република Македонија“.

„Тие два предлога не би ми пречеле - Горна Македонија и Скопје, во заграда. Само да не се чепка во Устав и во идентитет“.

„Сигурно има паметни луѓе кои мислат што ќе биде и како ќе биде. Јас не размислувам многу, но не би било фер“.

Преговорите за името во последниот период се интензивираат. Македонските власти се оптимисти дека за неколку месеци може да се најде решение.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG