Линкови за пристапност

Ципрас: Она што се сметаше за невозможно, сега е реалност


Ципрас: Она што се сметаше за невозможно, сега е реалност
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:16 0:00

Грчкиот премиер во прва официјална посета на Северна Македонија

Требаше да поминат 28 години независност и да се потпише Преспанскиот договор за грчки премиер да дојде во официјална посета на сега веќе Северна Македонија.

Приемот беше срдечен, но без вообичаеното интонирање на химните – и македонската и грчката, а не беше построена ниту армиската гарда, како што е вообичаено за вакви посети.

Посетата, Ципрас ја стави во регионален констекст – „она што се сметаше за невозможно, сега е реалност“, рече грчкиот премиер:

„Овој е состанок е од особена важност за Грција и за Северна Македонија, важен ден за Балканот, затоа што се обидуваме да изградиме поинаков наратив. Се обидуваме да се изгради различен наратив за Балканот, различна приказна за историјата и од конфронтација, конфликти, насилство и војна, се обидуваме да изградиме наратив на соработка, меѓусебно разбирање. Изгубивме многу време и мора да одиме напред. Изгубивме три децении и мораме да го премостиме овие јазови. Она што изгледаше невозможно, денес е реалност.

Домаќинот, својот гостин го нарече добар другар, и пријател на земјава. Заев повика на градење пријателство со нашите соседи – повикот беше и до граѓаните и до опозицијата во двете земји која најавува ревизија на Преспанскиот договор: „Верувам дека Мицотакис и Мицкоски, со текот на годините, само ќе даваат поддршка на новите можности што се отвораат пред нас. На крајот тоа е политика, тоа е прагма, тоа е паметно, да бидете поддржувач на она што народот го сака“.

Економијата била главна тема на средбата – се потпишаа и низа меморандуми од областа на на одбраната, военото разузнавање и воздухопловството со што грчката авијација ќе патролира над македонското небо кога земјата ќе стане членка на НАТО.

Посетата на грчкиот премиер, освен со силно полициско обезбедување, помина и со малкумина демонстранти.

XS
SM
MD
LG