Линкови за пристапност

Американските конгресмени во Македонија со поддршка за Договорот со Грција


Американски конгресмени во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:51 0:00

Петтемина конгресмени потврдиле дека САД и понатаму ќе даваат безрезервна поддршка на земјата во овие процеси

Референдумот за Договорот со Грција - едно од клучните прашања за кое се интересирала делегацијата американски конгресмени која овие денови е во Македонија. Петтемина претставници на американскиот законодавен дом - Бил Флорез, Гери Коноли, Дина Титус, Сузан Дејвис и Дејвид Прајс денеска во македонскиот парламент се сретнаа со спикерот Талат Џафери, неговитепотпретседатели, шефовите на собраниските комисии, како и координаторите на пратеничките групи.

„Г-дине Спикер, ви благодарам што сте овде со нас, ви благодарам Вам и на вашите колеги, претседавачи на разни собраниски комисии, што се среќавате со нас. Ја цениме можноста што сме овде и да имаме интензивни средби и разговори овие два дена“, изјави конгресменот Дејвид Прајс.

Најмногу се интересирале за референдумот на 30-ти септември, како и за реформскиот процес. Конгресмените, според собраниското соопштение, го потврдиле задоволството од напредок на земјава во делот на евроатлантските интеграции, зацврстување на демократијата како и потпишувањето на Договорот меѓу Македонија и Грција. Петтемина конгресмени потврдиле дека САД и понатаму ќе даваат безрезервна поддршка на земјата во овие процеси.

Освен заедничките средби, конгресмените, за кои не се предвидени изјави за медиумите, имаа и одвоени состаноци со Талат Џафери и членовите на комисиите за одбрана и безбедност и за деловнички и мандатно имунитетни прашања. Од собранието информираат дека најверојатно в среда ќе се знае која пратеничка група колку средства ќе добие за претстојната референдумска кампања која треба да стартува на 10-ти септември.

Пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, ДПА и Алијансата на Албанците веќе поднеле известувања дека ќе учествуваат во кампањата и дека ќе бидат „за“ референдумското прашање. Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, се уште не го официјализирала својот став за референдумот на 30-ти септември.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG