Линкови за пристапност

Стејт департмент: САД го поддржуваат Договорот од Преспа, лидерите да ги надминат разликите


Му благодариме на Коѕијас за неговиот придонес во постигнувањето на историскиот договор, изјави Стејт департментот за грчката агенцијата АНА – МПА, по оставката на грчкиот министер за надворешни работи

САД силно ја поддржуваат целосната имплементација на Договорот од Преспа, кој ќе овозможи Македонија да го земе нејзиното заслужено место во НАТО и Европската унија како Северна Македонија, изјави Стејт департментот за Атинската новинската агенција АНА - МПА во Вашингтон.

Тоа ќе придонесе, вели Стејт департментот, регионална стабилност, безбедност и просперитет.

„Како што македонскиот Парламент ја продолжува расправата за уставните промени, ги повикуваме лидерите да се издигнат над партиските политики и да ја искористат историската можност да се осигура посветла иднина за државата, како рамноправен учесник во западните институции“, вели Стејт департментот.

На прашањето на Агенцијата за коментар по оставката на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, Стејт департментот одговори:

„Му благодариме на Коѕијас за неговата посветена работа за зацврстување на односите меѓу САД и Грција, како и за неговиот придонес во постигнувањето на историскиот Договор од Преспа“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG