Линкови за пристапност

Стејт департмент: Заев и Ципрас покажаа храброст и визија


Решението за името позитивно ќе се одрази во двете држави, и ќе ги зацврсти регионалната безбедност, просперитет и заедничката европска иднина, изјави Стејт департментот, за Атинската новинска агенција во Вашингтон.

На прашањето дали евентуалното неотпочнување на преговорите за влез на Македонија во Европската унија, ќе се одрази врз референдумот и имплементирање на договорот за името, Стејт департментот вели:

„Како што изјавивме претходно, САД го поздравуваат историскиот договор за решение на спорот за името. Премиерите Заев и Ципрас покажаа визија, храброст и упорност во постигнување заедничко прифатливо решение“, изјави Стејт департментот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG