Линкови за пристапност

Ако се најде конструкција за име, патот на Македонија во НАТО е доста чист


Сенаторот Бен Кардин и адмиралот Џејмс Ставридис го коментираат спорот со Грција

„Разбирам дека е предизвик. Не сум дел од таа историја, и затоа не сакам да навлегувам во детали. Но, тоа е прашање од кое целиот регион ќе има корист кога ќе се реши“, вели сенаторот Бен Кардин, за спорот за името со Грција и членството на Македонија во НАТО.

Кардин нагласи дека сака да го види решението на овој проблем што побрзо, потенцирајќи ја опасноста од раширената руска пропаганда во овој регион.

„Она што Русија се обидува да го направи е директен обид да делува не само во САД, туку на глобален начин да ги афектира демократските институции. Не го гледаме тоа од други држави“, додава тој.

Адмиралот Џејмс Ставридис, во разговор со Јела де Франчески од Српската редакција на Гласот на Америка, исто така, ја истакна потребата од брзо решение на долгогодишниот спор меѓу Скопје и Атина кој, вели тој, е единствената причина зошто Македонија се` уште не е членка на НАТО.

„Ако Македонија може да излезе со контструкција за име што ќе биде прифатливо за Грците, како Горна Македонија, Северна Македонија, или нешто друго во таа насока, ќе го реши проблемот. Мислам дека патот до членството е доста чист“, смета Ставридис.

Тој го спомена учеството на македонската Армија во мисиите на НАТО, додавајќи дека посетите на македонски претставници во неговата Школата за право и дипломатија, како неодамнешната посета на министерката за одбрана Радмила Шекеринска се секогаш добредојдени.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG